Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија: „ББ+“ со негативен изглед, денарот стабилен

0
By Sashko on November 6, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: wilshirephoenix.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 6, 2021 10:46

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија на „ББ +“ со негативен изглед. Во извештајот се нотира дека потврдениот рејтинг во услови на пандемија е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, развојот на човечкиот капитал, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.

Агенцијата, како што соопшти Министерството за финансии, предвидува раст на македонската економија од 4,1 отсто во 2021 година и 4,3 отсто во 2022 година, како резултат на поволните економски услови на клучните извозни пазари. Домашната кредитна достапност, континуираниот раст на платите и јавните инвестиции ќе ја поддржат домашната побарувачка, но закрепнувањето во целост ќе зависи од развојот на пандемијата и стапката на вакцинирано население, посочуваат од „Фич“.

„Фич“ во извештајот наведува дека процесот на евроинтеграција помага за зацврстување на политиките, поддршка на извозот, прилив на странски директни инвестиции и др.

Очекувањата на Агенцијата за буџетскиот дефицит за 2021 година се дека ќе изнесува 6,1 отсто од БДП, што е пониско од ревидираната владина проекција која изнесува 6,5 отсто од БДП. Како што е наведено во извештајот, Предлог-буџетот на Владата за 2022 година е во согласност со Фискалната стратегија 2022-2026 година, која предвидува опаѓање на буџетскиот дефицит на 4,3 отсто и 3,5 отсто од БДП во 2022 и 2023 година, респективно, пред да достигне 2,2 отсто од БДП до 2026 година.

Според „Фич“ усвојувањето на новиот Закон за буџети може да обезбеди силна поддршка за фискалната консолидација преку воведување на обновена фискална рамка, вклучувајќи  фискални правила и формирање фискален совет.

Агенцијата очекува државниот долг да достигне 53 отсто од БДП до крајот на ова година и 55,3 отсто од БДП до 2023 година. Буџетскиот дефицит би се спуштил на 3 отсто од БДП до 2023 година, додека нето странските директни инвестиции се очекува да се позиционираат на 3,1 отсто од БДП до 2022 година, целосно финансирајќи го дефицитот на тековната сметка.

Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и во 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност. Надворешните ризици се дополнително ублажени со репо-линијата којашто Европската централна банка ѝ ја одобри на Народната банка. Ова, како што информира денеска Народната банка, се дел од констатациите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, изнесени во извештајот со којшто се потврдува кредитниот рејтинг на земјата.

Во извештајот е нагласено сведувањето на основната каматна стапка на историски најниското ниво и очекувањето на „Фич“ за олабавена монетарна политика на Народната банка и во следниот период, во отсуство на зголемување на стапката на инфлација во текот на следната година и во отсуство на натамошни притисоци врз домашниот девизен пазар. Притоа, од агенцијата за кредитен рејтинг истакнуваат и дека македонската економија има историја на ниска инфлација и на финансиска стабилност поддржана од кредибилните макроекономски и финансиски политики, што соодветствува на успешното одржување на стабилниот девизен курс на денарот. Во извештајот нагласуваат и дека, тековно, пристапот до надворешно финансирање е поволен, а странските инвестиции се отпорни, се вели во соопштението од Народната банка.

Во него се додава дека од „Фич“ оценуваат оти банкарскиот сектор ја задржа силната основа, и покрај пандемичниот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување“ на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата. Притоа, се наведува дека банкарскиот систем е соодветно капитализиран и профитабилен.

агенција Денар Извештај Македонија рејтинг Фич
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.