Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Мицкоски: Мнозинство имаме, ако не направам влада, ќе бараме брзи предвремени избори

0
By Sashko on November 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 6, 2021 13:26

Локалните избори дојдоа како еден вид на референдум за оваа влада и нејзините политики. Очекувањата на народот се изневерени и оваа влада на чело со Зоран Заев, која владее со пазарења и измами, мора да падне, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на која повтори дека е обебзедено ново парламентарно мнозинство со најмалку 61 пратеник и во кое, покрај најголемата опозициска партија, според него, се и Беса, Алијанса на Албанците, Левица и Алтернатива.

Влегуваме храбро и на страна на народот. Затоа и по локалните избори тргнав по создавање на ново парламентарно мнозинство, а заедничкиот блок на ВМРО-ДПМНЕ, Движењето Беса, Алијансата на Албанците, Левица и Алтернатива е коалиција против криминалите на власта. Мнозинството очекувам да се зголеми. Ќе се обидам да формирам нова влада, но само ако бидам сигурен дека тоа ќе биде кабинет со сериозен кредибилитет. Во спротивно, ако не успеам да осигурам да се постигне таа цел и Влада со полна ефикасност, ќе бараме брзи предвремени парламентарни избори за народот да одлучи за новата иднина, рече Мицкоски од партиската говорница.

Мицкоски одби да даде коментар за постот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој на Фејсбук напиша дека нема да биде дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, туку нивната присутност во, според него, новото парламентарно мнозинство е со цел да се помогне за пад на владата на Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази очекување дека оставката на Заев ќе биде доставена во Собрание до понеделник. Доколку тоа не се случи, вели Мицкоски, ќе ја активира иницијативата за импичмент на актуелниот владин кабинет.

Влада ВМРО-ДПМНЕ избори Македонија мнозинство Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.