Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Собранието денеска на пленарна седница треба да верификува мандати на шест нови пратеници, откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата. Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав по победата во првиот круг од изборите на Костадин Костадинов од СДСМ во Струмица, на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел, на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Штип, на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Охрид и на Биљал Касами од БЕСА во Општина Тетово. На место Костадинов, во Законодавниот дом треба да дојде Љубица Спасова,…
Бројот на активни случаи на ковид-19 во државава изнесува 7.275 од кои најголем број 3.508 се регистрирани во Скопје. Во Куманово има 424 активни случаи, во Битола 358, во Прилеп 336, во Велес 335, во Кавадарци 281, во Штип 236, во Кочани 198, во Охрид 191, во Тетово 170, итн. Министерството за здравство (МЗ) вчера соопшти дека од 1.323 основци и средношколци кои досега се опфатени со скринингот за откривање на ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово,…
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне, вдолж Повардарието, ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје, претпладне ќе има слаба магла и ниска облачност, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во следните денови…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика производителите на вакцини да дадат приоритет на испораките на вакцини против ковид-19 преку Ковакс механизмот на посиромашните земји и наведе дека вакцините повеќе не треба да одат во земји каде што има 40 отсто покриеност. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека третата доза треба да се дава само на луѓе кои имаат слаб имунолошки систем. Продолжуваме да ги повикуваме производителите на вакцини кои веќе ја имаат листата на СЗО за итна употреба да му дадат приоритет на Ковакс, а не на профитот на акционерите, рече Тедрос. Според него, „вчерашното одобрување…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска потпишаа заедничка изјава „Иднината на проширувањето – поглед од регионот“ во рамките на Иницијативата за соработка на „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Текстот на заедничката изјава го пренесуваме во целост: -Европската унија и нејзините земји-членки, заедно со партнерите од регионот, на Самитот на Брдо на 6 октомври ја потврдија својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан. Западниот Балкан ја повтори својата и посветеноста на регионот на европските вредности и демократски принципи, владеењето на…
Неколку големи земји што користат јаглен, на Конференцијата на Обединетите Нации (ОН) за климатски промени во Глазгов, најавија дека постепено ќе престанат да ја користат оваа форма на фосилно гориво кое важи за тежок загадувач. Британската Влада соопшти дека „на повидок е крај на употребата на јаглен“, бидејќи 18 земји за првпат се обврзаа постепено да го укинуваат тој облик на фосилно гориво и да не градат или финансираат изградба на нови електрани на јаглен. Меѓу тие 18 земји се Полска, Украина, Виетнам и Чиле. Јагленот има највалкан јаглероден отисок од водечките горива и значаен извор е на гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување.…
Министерството за локална самоуправа денеска преку соопштение побара од сите единици на локалната самоуправа да го почитуваат Уставот и законите на оваа држава и потенцираат дека нема да се дозволи незаконско работење на советите. Имајќи го предвид начинот на конституирање на новоизбраните совети во некои од општините и давањето на свечената изјава од страна на новоизбраните членови, а во врска со примената на уставното име на Република Северена Македонија, Министерството за локална самоуправа го дава следново мислење: Уставот на Република Северна Македонија, во Главата 1. Основни одредби, член 8, ставот (1) алинеја 3 и 9, како едни од темелните вредности…
Папата Франциск ја назначи првата жена на чело на Гувернатот на Ватикан, сестрата Франциска Рафаела Петрини, продолжувајќи ги напорите за постигнување поголема родова еднаквост во Црквата. Како генерална секретарка на Гувернатот, италијанската калуѓерка (52) ќе биде задолжена за надгледување на административните операции, особено на музеите на Ватикан, поштата и полицијата. На тој начин, таа ќе стане највисоко рангирана жена во најмалата земја во светот. Според онлајн списанието „Католик Нешнл Репортер“ (Catholic National Reporter), оваа функција традиционално ја извршувал бискуп. Папата Франциск (84) во неколку наврати изјави дека жените имаат поважна улога во Католичката црква. Во јануари тој го смени законот…
Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година на 15 ноември ќе влезе во Собрание, каде десет дена ќе се расправа по него на седница на матичната Комисија за финансирање и буџет. Во тој временски период ќе има амандманска расправа, по што тој ќе биде вратен во Владата која ќе изготви дополнет предлог со евентуално прифатени амандмани, по што ќе се врати на пленарна седница на Собранието. Буџетот треба да биде донесен најдоцна до 31 декември годинава. Пари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура, за изградба на магистрални гасоводи и интерконективни гасоводи со Грција и со…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи со ковид-19 и тоа во Скопје – 214, во Битола – 58, во Куманово – 30, во Кавадарци – 27, во Велес – 26, во Тетово – 23, во Штип – 22, во Прилеп – 19, во Кочани – 18, во Крива Паланка – 15, во Пробиштип – 11, во Кичево – девет, во Струмица и во Неготино по осум, во Гевгелија, во Радовиш и во Кратово по седум, во Берово и во Крушево по шест, во Охрид,…
Од денеска во САД е на сила наредбата на претседателот Џо Бајден, согласно која десетици милиони луѓе во компаниите со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против ковид-19 или да се тестираат еднаш неделно. Службата за безбедност и здравје при работа соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по човек. Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а сè уште не е познато колку вработени веќе се вакцинирани. За околу 17 милиони вработени во старечки домови, болници и други установи кои добиваат пари од здравствениот фонд ќе…
Чадеж: Формираме Совет за побрз проток на стоки, услуги и луѓе меѓу Србија, Албанија и С. Македонија
Србија, Албанија и Северна Македонија ќе формираат Совет за имплементација на забрзување на протокот на стоки, услуги, луѓе и капитал и да заживее системот на единствени работни дозволи за граѓаните на трите земји на почетокот на 2022 година, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора Србија (ПКС) по состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Се договоривме дополнително да го забрзаме овој процес и да формираме Совет во кој ќе има претставници од Стопанската комора и ресорните министри од трите земји. Секоја недела членовите на Советот ќе ги известуваат лидерите на трите земји за тоа што…