Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Активни 7.275 случаи, скринингот во училиштата „исфрли“ шест позитивни основци

0
By Sashko on November 5, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Alsat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 5, 2021 07:51

Бројот на активни случаи на ковид-19 во државава изнесува 7.275 од кои најголем број 3.508 се регистрирани во Скопје. Во Куманово има 424 активни случаи, во Битола 358, во Прилеп 336, во Велес 335, во Кавадарци 281, во Штип 236, во Кочани 198, во Охрид 191, во Тетово 170, итн.

Министерството за здравство (МЗ) вчера соопшти дека од 1.323 основци и средношколци кои досега се опфатени со скринингот за откривање на ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.

Од МЗ информира дека во моментот се активни 885 деца на возраст од 0 до 17 години. На Институтот за белодробни заболувања Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9 до 16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати имаат лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Досега во земјава, според податоци од националниот систем „Мој термин“, 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза на анти-ковид вакцина, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.

Во текот на завчерашниот ден беа аплицирани вкупно 3.838 дози на вакцини, од кои 758 како прва доза, 787 како ревакцини, а 2.293 граѓани примиле трета доза. Заклучно со 3 ноември, вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482, а трета доза примиле 38.719 граѓани. Повеќе од пола или 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, наведуваат од МЗ.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, а на починати е 7.194.

Од вчера преку страницата vakcinacija.mk почна и пријавувањето за вакцинација од сезонски грип. Од МЗ соопштија дека и годинава се набавени 40.000 бесплатни дози на четиритипни вакцини против сезонски грип за ризичните групи. Овие вакцини, како што посочуваат, ќе можат да ги добијат стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години.

Активни случаи вакцинација Ковид-19 Македонија МЗ скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.