Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заедничка изјава од „Отворен Балкан“ на Вучиќ, Димитров и Рама: Иднината на проширување – поглед од регионот

0
By Sashko on November 4, 2021 НАСЛОВНА, РЕГИОН
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 4, 2021 18:22

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска потпишаа заедничка изјава „Иднината на проширувањето – поглед од регионот“ во рамките на Иницијативата за соработка на „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Текстот на заедничката изјава го пренесуваме во целост:

-Европската унија и нејзините земји-членки, заедно со партнерите од регионот, на Самитот на Брдо на 6 октомври ја потврдија својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан.

Западниот Балкан ја повтори својата и посветеноста на регионот на европските вредности и демократски принципи, владеењето на демократијата, основните права и владеењето на правото.

Сепак, сомнителниот капацитет на Европската унија да интегрира нови членки, внатрешните дебати меѓу земјите-членки на ЕУ и билатералните односи го попречија реалниот напредок на регионот кон ЕУ.

На хартија, политиката за проширување останува активна. Во пракса, сепак, постои растечко разочарување кај граѓаните од регионот во однос на перспективата на ЕУ.

Дополнително, доцнењето на ЕУ перспективата го чинеше регионот премногу во политичка смисла.

Северна Македонија е одличен пример за неисполнети ветувања на ЕУ. Нејзината влада се обиде да ги исполни условите на Брисел, само за да се најде изолирана и оставена да се носи со последиците од одлуките на ЕУ. Оваа ослабена перспектива на европската интеграција се заканува да не остави дезинтегрирани повеќе од кога било. Чувството е заедничко во целиот регион.

Додека ЕУ развива нови и далекусежни стратегии, регионот очајно се обидува да ги спроведе постоечките. И додека нашиот пат кон ЕУ излета од колосек, ние остануваме посветени на достигнување на стандардите на ЕУ.

Не можеме да дозволиме оваа негативна спирала да ги загрози самите темели на иднината и просперитетот на регионот.

Европската унија оди напред, додека регионот е заглавен во дилемите на самата ЕУ. Европската унија треба и мора да ги истражи сите патишта за побрза интеграција на Западен Балкан во пресрет на пристапувањето, заедно со нејзините заложби за постепено вклучување, како што е дефинирано во новата методологија.

Според тоа, би било корисно вклучување на регионот во развој на трговската и даночната политика на ЕУ, како што е механизмот за прилагодување на лимитот за емисија на јаглерод диоксид и заштитни привремени мерки за ограничување на увозот на челик, да наведеме неколку.

Исто така, би можеле да ја истражиме можноста за изземање на Западен Балкан од различни мерки на трговската политика ерга омнес.

Нашите универзитети би можеле да се вклучат во областа на високото образование и истражување на ЕУ, што би обезбедило еднаква шанса за учество во приспособени програми, истражување и иновациина на ЕУ. Во исто време, нашето земјоделство вапи за дополнителни средства, со огромен потенцијал за проширување и испорака на висококвалитетни производи на пазарот на ЕУ.

Ова би можело да спречи негативно влијание врз стабилизацијата и економските перформанси на регионот. Сметаме дека во интерес на ЕУ е да помогне во изградбата и промовирањето на безбеден и просперитетен регион.

И повеќе од тоа – би можеле заеднички да го истражиме учеството во Шенген и постепената интеграција во единствениот пазар на Европската унија.

Денешниот свет брзо се менува. Време е да се дејствува решително. Не можеме да си дозволиме, ниту ќе ни биде простено за пропуштените можности, попуштањата и немањето одлучност да ја реализираме оваа стратешка визија.

Треба подобро да се разбереме ако сакаме да постигнеме најдобри резултати. Ако некој мисли дека треба да дејствуваме сега, тоа беше веќе вчера.

За таа цел, денеска повторно ја потврдивме нашата решеност да ја продлабочиме нашата економска соработка во рамките на иницијативата Отворен Балкан, надградувајќи ја агендата на Берлинскиот процес и фокусирајќи се на брза и приспособена имплементација.

Во овој зафат ги ангажиравме нашите стопански комори и им наложивме да подготват детални насоки за имплементација на Меморандумот за разбирање за соработка во олеснувањето на увозот и извозот, кој беше потпишан во Скопје на 29 јули.

Денеска одобривме детален план за спроведување мерки за олеснување на трговијата и побаравме од Регионалната стопанска комора на Западен Балкан дополнително да го следи процесот на имплементација. Одлучивме и да формираме Меѓуминистерски совет, кој тесно ќе соработува со стопанските комори на спроведување на овие мерки.

Западен Балкан е подготвен да се движи со забрзано темпо. Треба да одиме напред. Така треба да се движи Европската Унија – кон Западен Балкан. Да се оди во празно не е опција.

Ги покануваме сите други страни во регионот да ни се придружат и им посакуваме да се добредојдени. Отворен Балкан е отворен, се вели во интегралниот текст на заедничката изјава доставена од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, кој беше домаќин на оваа средба.

Албанија Александар Вучиќ Еди Рама Македонија Никола Димитров отворен балкан проширување регион Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.