Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Фејсбук денеска соопшти дека го укинува својот систем за препознавање на лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија. Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија. Поради оваа постојана неизвесност, веруваме дека е соодветно ограничувањето на употребата на препознавање на лица, напиша на блог Џером Песенти, потпретседател на Фејсбук задолжен за вештачка интелигенција. Компанијата, која минатата недела го смени своето име во Мета платформи, соопшти дека повеќе од една третина од дневните активни корисници на Фејсбук ја вклучиле…
Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ), во анализа на политичките случувања во земјава по локалните избори и оставката на Зоран Заев од функциите претседател на Влада и на СДСМ, прогнозира дека технички премиер на Северна Македонија во наредниот период ќе биде Никола Димитров. Весникот, чија анализа ја пренесува и „Дојче веле“, типува на три сценарија на политички план за наредниот период во земјата. Првото е актуелното мнозинство да продолжи да раководи со државата, меѓутоа со нов премиер, второто се однесува на формирање на техничка влада која одреден период ќе управува со Македонија и третото е предвремени парламентарни избори.
Претседателот Стево Пендаровски денеска на маргините на Светскиот лидерски самит на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), што се одржува во Глазгов, оствари куси средби со американскиот претседател Џо Бајден, словачката претседателка Зузана Чапутова, германската канцеларка Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, израелскиот премиер Нафтали Бенет, британската министерка за Европа и Америка, Венди Мортон, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со поранешната британска премиерка Тереза Меј. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пенадровски, шефот на државата денеска присуствуваше и на настанот со кој се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД,…
Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од кабинетот на претседателот на Владата, Зоран Заев по разните, како што нагласуваат, неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката. Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата. Зоран Заев во неделата вечерта по вториот…
Доктори, правници, професори, уметници се меѓу добитниците на наградата „13 ноември“ што традиционално секоја година ја доделува Град Скопје. За нив се одлучуваше по пат на тајно гласање од комисија во состав Вангелина Мојаноска како нејзина претседателка и членовите Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова. Меѓу годинашните лауреати се актерот Раде Шербеџија, универзитетскиот професор во пензија, Денко Малески, медицинскиот тим чиј ччлен беше и министерот за здравство Венко Филипче кој ја изведе првата операција во земјава – имплантација на вегус нерв стимулатор кај пациенти со…
На оваа средба уште еднаш покажавме дека мнозинството е стабилно, дека владејачкото мнозинство треба да продожи. Сите се согласивме дека какви било процеси што би воделе кон предвремени парламентарни избори ќе бидат многу проблематични, тешки и за економската ситуација, социјалната и безбедносната во државата. Затоа сите едногласно сме против организирање на предвремени избори, истакна генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, по координативниот состанок на премиерот Зоран Заев со лидерите на коалициските партнери. Тој посочи дека сегашната Влада го добила мандатот во 2020 година и, како што рече, тоа што го презеле како одговорност на почетокот на составувањето на Владата се…
Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, преку својот Фејсбук профил покренува иницијатива за Зоран Заев да остане на претседателската функција во партијата. Како што напишал Костовски на Фејсбук, од утре (2 ноември) ОО на СДСМ Куманово ќе почне со собирање на потписи за поддршка на Зоран Заев и се надева дека неговата иницијатива ќе наиде на одзив кај сите општински организации на партијата низ земјата. „Со наш потпис, поддршка за Заев за лидер на СДСМ“, порачува Костовски. С.Ѓ.Д.
Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси денеска изјави оти не размислува да се повлече од професионалниот фудбал по Светското првенство 2022 во Катар. Не. Искрено, не размислувам за пензија. По тоа што ми се случи живеам од ден за ден, од година за година. Не знам што ќе биде на Светското првенство или по завршувањето на Светското првенство. Не размислувам за тоа. Ќе се случи тоа што треба да се случи во тоа време, изјави Меси во интервју за шпански „Спорт“ Меси призна дека трансферот од Барселона во ПСЖ во летниот преоден рок бил голема промена во неговиот живот, но вети…
Процесот на реформи во судството и други актуелни прашања поврзани со работата на Судскиот совет беа тема на разговор на денешниот работен состанок на претседателката на Советот, Павлина Црвенковска со амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во земјава, Дејвид Гир, кој беше придружуван од неговиот тим. Како што соопшти Судскиот совет, претставниците на ЕУ на состанокот покажале особен интерес за имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување, Методологијата за квантитавно оценувања на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата.…
Зграда од 21 кат се урна денеска во Лагос, Нигерија, и засега не се знае колку луѓе има под урнатините, иако се стравува дека бројот на загинатите е голем, јави „Си-Ен-Ен“. https://www.youtube.com/watch?v=ZWGuZTcu7RM Зградата се наоѓала во богатиот градски кварт Икоџи, каде што се градат луксузни апартмани. Мислев дека е земјотрес, кога набрзина излегов од мојот стан нешто по 15 часот. Почувствував како зградата се движи и знаев дека нешто не е во ред, изјави за „Си-Ен-Ен“, Олу Апата, кој живее во близина и претседател е на нигериската адвокатска комора. Апата додаде дека зградата била во градба во последните две години…
Свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаше само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советници од опозициската СДСМ ја напуштија салата. Мнозинството и опозицијата на првата седница ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија. Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ, истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите. Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето, тие ја напуштија седницата. Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака…
Резултатот на локалните избори не е единствената причина за оставката на македонскиот премиер Зоран Заев, туку дел лежи и во неговото лично разочарување во однос на напорите за добивање на датум за преговори за членство со Европската Унија (ЕУ), е оценка на српскиот претседател, Александар Вучиќ кој ја испрати од Глазгов, градот домаќин на Самитот на Обединетите Нации (ОН) за климатските промени. Им рекоа ако го потпишат договорот од Преспа, Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Договорот беше потпишан, но датум не беше испорачан, рече Вучиќ. Зоран Заев на синоќешната прес-конференција по вториот круг на…