Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Вториот круг од локалните избори во Северна Македонија беше во натпреварувачки дух и изборната администрација вложи напори да одговори на некои процедурални недостатоци од првиот круг, но негативната реторика и наводите за притисок врз гласачи и кандидати продолжија да имаат негативно влијание на изборите, посочуваат прелиминарните наоди од набљудувачката мисија на ОДИХР за вториот круг од локалните избори. Шефицата на Мисијата, Тана Де Зулиета, на денешната прес-конфернеција истакна дека лицата што ги спроведувале изборите ги извршиле техничките подготовки за вториот круг на избори во законските рамки, при што по преземените мерки да се одговори на техничките проблеми од првиот круг,…
На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево во 15.55 часот беше пречекан првиот лет на „ИзиЏет“ од Женева, со што нискобуџетната авиокомпанија го означи почетокот со операции на македонскиот пазар. Во текот на зимскиот ред на летање, од денеска до 25 март наредната година, летовите на оваа авиолинија ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и петок. Македонскиот главен град три пати неделно ќе биде поврзан со швајцарскиот град, секој понеделник, четврток и петок, од денес, 1 ноември, во текот на целата зимска сезона. Нискобуџетната авиокомпанија ќе сообраќа до Меѓународниот аеродром Скопје првпат, а авиокомпанијата донесе одлука да почне со летови сега и покрај…
Прес-конференција на претседателот на ДИК, Александар Даштевски https://www.youtube.com/watch?v=P7rYrBKd_Ns
Во 21 општина целосно се обработени податоците од гласањето во вториот круг на локалните избори 2021. Според веб апликацијата на Државната изборна комисија (ДИК), во Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ освои 50,75 проценти од гласовите, наспроти Меликије Халими од СДСМ – 47,82 отсто од гласовите. Во Боговиње, Бесник Емши од ДУИ доби 62,29 отсто, а неговиот противкандидат од АА/А – Аљбон Џемаили 36,36 проценти. Во Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ има 49,22 проценти од гласовите, а Марјан Јанев од СДСМ 48,84 отсто од гласовите. Во Вевчани, Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ има 50,41 отсто од гласовите, а Сашо Јанкоски СДСМ –…
Зоран Заев на вечерашната прес-конференција по вториот круг на локалните избори ја презеде одговорноста за постигнатите резултати и од партиската говорница поднесе оставка на позицијата претседател на СДСМ и од функцијата премиер на Владата на Македонија. Во продолжение целосната изјава: Дозволете јас од името на СДСМ и сите наши луѓе да им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна…
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ја доби битката со Душко Весковски од СДСМ и во наредните четири години ќе биде нов градоначалник на Карпош. Тој предмалку се обрати до јавноста и се заблагодари за поддршката на народот за кој бил сигурен дека е на негова страна. Бев омаловажуван, оспоруван, притворуван, но влегов во оваа кампања оти од почеток бев сигурен дека народот е на моја страна и знаев дека ќе стигнам до победата. Ќе ги коригираме грешките во наредниот период, ќе работиме поорганизирано и попосветено. Вратите за решавање на проблемите на граѓаните на Општина Карпош ќе бидат уште поотворени во…
Оливер Илиевски му честита победа на Максим Димитриевски кој останува градоначалник на Куманово и во наредните четири години. „Благодарност до 19.470 граѓаните кои ме поддржаа, а за независниот кандидат Максим Димитриевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, гласаа 25.470 граѓани. Му честитам на победата и му посакувам успешен мандат“, рече Илиевски.
Лидерот на Беса, Билал Касами е новиот градоначалник на Тетово. Досегашната градоначалничка Теута Арифи, која на седмите локални избори во земјава, на прес-конференција во партиското седиште на ДУИ го призна поразот, му честита на противкандидатот Касами и му посака среќа во менаџирањето со градот под Шара. „Според броењето на резултатите што е при крај, излегува дека противкандидатот има повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од него. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и да му посакам среќа на противкандидатот кого го чекаат многу предизвици при водење на Тетово“, изјави Арифи.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази задоволство од тоа како помина изборниот ден. На вечерашната прес-конференција посочи дека за 31,7 отсто се бележи намалување на пријавени настани во споредба со изборите во јуни 2020 година. Најмногу пријави имало во штипската полиција, најбројни биле агитирачите за тоа до МВР стигнале 83 пријави. За изборен поткуп се пријавени 10 настани, од кои три се веќе отфрлени, а за загрозување на безбедноста се пријавени два настана. Граѓаните покажаа дека демократијата е дел од нашите животи. Во текот на целиот изборен процес, граѓаните покажаа што значи партнерски однос со македонската полиција. Навремено пријавуваа…
Уплашени од поразот ВМРО-ДПМНЕ поткупуваат гласачи, за време на изборен молк. Oва вчера го истакна прaтeничката на СДСМ, Славјанка Петровкса, откако полицијата во населба Геге, во Општина Ѓорче Петров, уапси две лица. Во изборен молк, денеска се фатени живи во изборен поткуп во Општина Ѓорче Петров. Исто вака, ВМРО-ДПМНЕ беа фатени во поткуп и во Македонска Каменица и во Кочани, за што веќе има постапки од надлежните институции. Им паднаа во вода изјавите дека граѓаните бараат промени. Ако бараат, зошто потребата да ги поткупуваат и да вршат притисок врз нив – изјави Петровска, пратеничка на СДСМ. Според полицијата осомничените, копирале…
Османи со оценка по вториот круг на локални избори: Денешниот ден потврди дека сме зрела демократија
Денешниот изборен ден потврди дека Северна Македонија е зрела демократија. Вториот круг на локалните избори мина во мирна, фер и слободна атмосфера, со помасовна излезност на граѓаните за разлика од првиот круг, истакна Бујар Османи по затворање на гласачките места. Честитки до сите избрани претставници на локалната власт. Имавме навистина успешни избори. Северна Македонија потврди дека е зрела демократија, земја која не случајно е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија“, рече Османи. Тој додаде дека тенденцијата од првиот круг продолжила и граѓаните дале силна поддршка за Зелената агенда на ДУИ.
Во последните 24 часа во САД се регистрирани 282 смртни случаи од ковид-19, односно вкупно 745.670 од почетокот на пандемијата. Податоците од Универзитетот „Џон Хопкинс“ покажуваат дека бројот на заразени во САД се зголемил за 28.327 на вкупно 45.953.806 милиони лица. Повеќе од 4,91 милиони луѓе биле заразени во Калифорнија, што е најмногу во САД. Следат Тексас (над 4,23 милиони) и Флорида (над 3,69 милиони). Речиси 72.000 смртни случаи биле пријавени во Калифорнија, 71.000 во Тексас и повеќе од 59.000 во Флорида. Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека 79,9 отсто од возрасната популација е…