Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трета конекција со Швајцарија: Во Скопје слета првиот авион на „Изиџет“ од Женева

0
By Sashko on November 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 1, 2021 16:44

На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево во 15.55 часот беше пречекан првиот лет на „ИзиЏет“ од Женева, со што нискобуџетната авиокомпанија го означи почетокот со операции на македонскиот пазар. Во текот на зимскиот ред на летање, од денеска до 25 март наредната година, летовите на оваа авиолинија ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и петок.

Македонскиот главен град три пати неделно ќе биде поврзан со швајцарскиот град, секој понеделник, четврток и петок, од денес, 1 ноември, во текот на целата зимска сезона. Нискобуџетната авиокомпанија ќе сообраќа до Меѓународниот аеродром Скопје првпат, а авиокомпанијата донесе одлука да почне со летови сега и покрај глобалната криза во авијацијата предизвикана од ковид-19, како и покрај фактот дека во многу земји сè уште има рестрикции за патување со авион, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Женева ќе биде третата дестинација во Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има авионска конекција, по Цирих и Базел.

Веруваме, потенцираше Батак, дека оваа авиолинија има огромен потенцијал и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се развива во следниот период. Новата авиолинија, посочи тој, ќе им овозможи на патниците од државава и од Швајцарија да ги посетат своите семејства и пријателите или пак да патуваат како туристи и да ги откриваат убавините на двата града.

Генералниот директор на ТАВ Македонија рече дека постојано работат да убедат нови авиокомпании да почнат да сообраќаат од државава.

Тој укажа дека на двата македонски аеродрома во услови на ковид пандемијата ги гледаат првите знаци на закрепнување споредено со шокот во 2020 година кога имаше прекини во авиосообраќајот.

„Во изминатите десет месеци имаме пораст од 66 проценти кај патничкииот сообраќај во однос на истиот период од 2020, но тоа е само 50 проценти од сообраќајот во 2019-та година која ја сметаме за рефернтна“, рече Батак, порачувајќи дека за натамошна нормализација на состојбите во авиосообраќајот на глобално ниво мора да се договорат заеднички стандарди помеѓу аеродромите, авиокомпаниите и воздухопловните власти.

„Изиџет“ авиокомпанија Женева летови Македонија Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.