Author: Sashko

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели видео за историјата и борбата на Украина. Истакнува дека украинската нација се бореше со векови за својата независност и продолжува да го прави тоа од 24 февруари 2022 година. „Историјата на независноста на Украина е доста драматична и инспиративна. Украинската нација се бореше со векови и продолжува да го прави тоа од 24 февруари. Посветеност, храброст, слобода. Нашата земја – нашата независност“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Твитер и објави кратко видео за главните историски настани во Украина. The history of Ukraine’s independence is quite dramatic and inspiring. Ukrainian nation was fighting for centuries and…

Read More

Ги ценевме сите жалбени наводи, го разгледувавме Решението, ги разгледаме сите работи, сите факти, сите околности за случајот и оценивме дека за време на кривичната постапка, со цел да се утврди фактичката состојба во врска со постапувањето при претресот, односно онаа анонимна пријава која се однесува на Финансиската полиција, јавната обвинителка, Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа за да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по тој предмет, а од друга страна да се утврди фактичката состојба по кривичниот предмет. Тие два предмета се меѓусебно условени и поврзани, изјави претседателот на Советот на јавни…

Read More

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски рече дека Советот со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава. Обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција. Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите кои…

Read More

Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ (TUI Airways) најавува сезонска линија на релацијата Манчестер – Охрид за наредното лето. Според објавата на операторот, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември во 2023 година. Бројот на летови на сезонските авиолинии оваа година е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје, од јануари заклучно со јули, се реализирани 457 сезонски лета, што е за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид се реализирани 831 сезонски лет, што е зголемување за 136…

Read More

Жарко Пејановиќ, кој победи на 12-от натпревар во лежење во Црна Гора, упаднал во просториите на дневниот весник „Дан“ и физички ги нападнал вработените, кршејќи инвентар, бидејќи во информацијата за неговата победа го нарекле „најголем џаболебар“. Настанот се случил синоќа и во таа прилика биле повредени технички уредник и новинар. Натпреварот во лежење се одржува секоја година во „Етно село Монтенегро“ во Брезна. Пејановиќ е годинашниот победник по 55 часа непрекинато лежење. Порталот појаснува дека „најголем џаболебар“ веќе неколку години е востановената титула за победникот на овој веќе традиционален натпревар. Пејановиќ, се вели, почнал да прави хаос веќе во рекламниот…

Read More

Десетици луѓе беа заробени неколку часа во тунелот под Ламанш, откако запре возот што патуваше од Кале до Фокстон, јавува „Би-Би-Си“. Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, патниците го напуштиле возот и биле евакуирани преку тунел за вонредни ситуации. Патниците потоа биле транспортирани до терминалот во Фокстон, Кент. Компанијата која управува со возовите под Ламанш соопшти дека алармите на возот се активирани и дека во тек истрага.

Read More

Утре се очекува да биде донесена нова одлука за кризна состојба во делот на енергетиката која ќе важи од 1 септември. Според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период, доколку се се одвива според планираното. Од 1 септември стапуваат во сила и мерките за штедење на струја што ги донесе Владата, а кои ќе важат до 31 март во 2023 година.  Министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција неодамна, рече дека не очекува да има рестрикции, ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Како што соопшти, се разговара и со министерствата за…

Read More

Крим треба да ѝ биде вратен на Украина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во видеопорака испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“. „Ние не ја признаваме анексијата од Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е, исто така, услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност“, истакна Ердоган. Тој на виртуелната средба на светски лидери, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа изјави дека Берлин се подготвува да ѝ достави оружје на Украина во вредност над 500 милиони евра. Шолц истакна дека Украина ќе добие уште три системи за противвоздушна одбрана ИРИС-Т, десетина оклопни возила, 20 мобилни ракетни фрлачи. Поголемиот дел од нив ќе бидат испорачани во 2023 година. Шолц ја најави помошта истиот ден кога украинскиот претседател Володимир Зеленски беше домаќин на виртуелната средба на светски лидери посветена на враќање на анектираниот Крим на Украина. „Меѓународната заедница никогаш нема да прифати нелегална, империјалистичка анексија на украинска територија од Русија“, истакна Шолц на виртуелната средба на светски лидери,…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста, вети дека неговата земја ќе се бори „до крај“ против руската инвазија и нема да прави „никаква отстапка или компромиси“. „Не нѝ е грижа каква војска имате. Ние се грижиме само за нашата земја. Ќе се бориме за неа до крај“, посочи Зеленски во видео-обраќањето. Инвазијата на Русија врз Украина почна пред шест месеци, а утрово одекнаа експлозии во Харков, североисточниот дел на Украина, како и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти.

Read More

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред е жалбата на обвинителката Вилма Русковска. Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага „разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“. Обвинителката Вилма Русковска во текот на минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за…

Read More

Пратениците од наредната недела треба да се вратат на обврските во Собранието по летните одмори. Според најавите, во вторник на 30 август ќе се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи и ќе се договори динамиката на работа за неделата и периодот што доаѓа. Меѓу првите активности во Собранието најверојатно ќе биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд, како и точки од дневен ред на заостанати седници, вклучувајќи и…

Read More