Author: Sashko

Нашата политика не дозволува тврдења дека вакцините против ковид-19 убиваат или можат да им наштетат на луѓето, рече портпаролот на компанијата Фејсбук. Фејсбук и Јутјуб го отстранија од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тврди дека вакцините против ковид-19 се поврзани со развојот на сидата. И двете компании соопштија дека видеото кое е снимено во четвртокот ја прекршило нивната политика. Го отстранивме видеото од каналот на Жаир Болсонаро поради кршење на нашата политика за медицински дезинформации во врска со ковид-19, бидејќи наведува дека вакцините не го намалуваат ризикот од заразување со болеста и предизвикуваат други заразни…

Read More

Русија денеска пријави 1.106 смртни случаи од ковид-19 за последните 24 часа што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, соопшти националниот Кризен штаб за борба со коронавирусот. Со најновиот биланс, вкупниот број на починати лица како последица на ковид-19 во земјата се искачи на 232.775 додека Русија веќе одми ден во низа пријавува над 1.000 смртни случаи, пренесува агенцијата ТАСС. Раст се бележи и на бројот на нови инфекции кој е зголемен за 36.466 и сега изнесува 8.3016.019 милиони. Претседателот Владимир Путин издаде налог за граѓаните кои се вакцинирани против ковид-19 да добијат дополнителни два платена дена, стои…

Read More

Во меѓународна полициска операција во повеќе земји од светот се уапсени 150 осомничени лица за купување или продажба на нелегална стока преку интернет, како дел од една од најголемите операции насочени кон „темната мрежа“, соопшти Европол, цитиран од француските медиуми. Оваа операција, позната како Dark HunTOR, се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции во Австралија, во Бугарија, во Франција, во Германија, во Италија, во Холандија, во Швајцарија, во Обединетото Кралство и во САД, соопшти агенцијата Европол, со седиште во Хаг. Вработените во Европол заплениле повеќе од 26,7 милиони долари во готовина, како и повеќе од 230 килограми дрога…

Read More

Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирано население во ЕУ, денеска пријави рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци. Досега од ковид-19 во земјата починаа 23.316 луѓе. Бугарија воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни места поради ширењето на инфекцијата и слабата покриеност со вакцинација. Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14 ноември. Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од населението, додека просекот во…

Read More

Генералната секретарка на „Амнести интернешнл“, Агнес Каламар ги повика САД да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и британските власти веднаш да го ослободат. Каламар го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе биде поднесена жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж во САД, каде што тој се соочува со обвиненија за објавување тајни воени досиеја како дел од аферата Викиликс. Високиот суд треба да ја разгледа жалбата против одлуката за неекстрадиција во јануари. Одлуката е донесена поради, како што се наведува, загриженоста дека 50-годишниот Асанж би можел…

Read More

Две лица загинаа, а четири се повредени во пукање во трговски центар во Боис, град во северозападниот дел на САД, соопшти локалната полиција. Осомничениот убиец, кој се чини дека дејствувал сам, е уапсен и исклучена е каква било опасност за населението, изјави Рајан Ли, началник на полицијата во Боис, главен и најголем град во државата Ајдахо. Полицијата разменила истрели со осомничениот, при што е повреден еден полицаец. Не се соопштуваат детали за идентитетот на жртвите или здравствената состојба на четворицата повредени, ниту за мотивите на убиецот. Пукањата се многу честа појава во САД, особено во училишта, супермаркети или на работно…

Read More

Илјадници работници во Њујорк, претежно пожарникари, протестираа на Бруклинскиот мост против задолжителната вакцинација што ја најавија градските власти минатата недела. Дали нè прашувате дали сте вакцинирани кога нè повикувате на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето. Сите градски работници беа поканети да прошетаат по Бруклинскиот мост до Градското собрание, но пожарникарите беа најбројни, препознатливи во маичките на нивните станици, а некои ги носеа имињата на колегите убиени во нападите на 11 септември 2001 година. Според Противпожарната служба на Њујорк, стапката на вакцинација во понеделникот била 60 отсто од вкупно околу 17.000 пожарникари, што е…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна“ може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари по најмалку шест месеци од ревакцинацијата. Тоа е втора вакцина што е одобрена за трета доза во ЕУ. Третата доза на „Спајквакс“ беше примена шест до осум месеци откако втората доведе до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии антитела се намалуваа, објави европскиот медицински регулатор. ЕМА претходно одобри трета доза на „Фајзер“/„БајонТек“ во октомври и препорача вакцинација со трета доза вакцини од „Фајзер“/„Бионтек“ или „Модерна“ за луѓе со ослабен имунолошки систем. Земјите-членки на…

Read More

Јасно и гласно изјаснување кој од кого ќе добие поддршка во вториот круг на локалните избори во недела, но и засилување на меѓусебните партиски препукувања за притисок врз гласачи. До крајот на кампањата остануваат уште четири дена, па учесниците во изборниот процес продолжуваат со презентација на своите програми во обид за глас повеќе кај електоратот. Од „Беса“ вчера ги повикаа своите гласачи да дадат поддршка за кандидатите на Алијанса на Албанците, а истото го сторија и од Алијанса на Албанците. Ова, како што изјавија од двете партии, го прават за да ја симнат ДУИ од власт. Политичката сцена во наредните…

Read More

Во ковид-статистиката вчера, како и во деновите од викендот, беше забележан пад на бројот на заразени во однос на направени тестирања. Од 1.514 тестирања, беа регистрирани 135 нови случаи или околу девет проценти. Во работните денови, тој процент се движи од 10 до 16. Од друга страна, забележан е пораст на активните случаи во последните пет дена. На 20 октомври имало околу 5.700 активни случаи, а вчера беа регистрирани околу 6.200. Вчера беа регистрирани и 11 починати лица, како и 330 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на ковид-19. Вкупниот број на лица со дијагностициран ковид…

Read More

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе бидат под нулата и ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево и ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 степени до 3 степени, а максималната од 13 до 17 степени. Во Скопје, наутро ќе студено со услови за слаба утринска магла, а во текот на денот ќе претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до…

Read More

Северна Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, во ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе минат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Европскиот парламент на 4…

Read More