Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Пад на бројот на инфекции во однос на направени тестови, активните случаи во благ пораст

0
By Sashko on October 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 26, 2021 08:08

Во ковид-статистиката вчера, како и во деновите од викендот, беше забележан пад на бројот на заразени во однос на направени тестирања. Од 1.514 тестирања, беа регистрирани 135 нови случаи или околу девет проценти. Во работните денови, тој процент се движи од 10 до 16. Од друга страна, забележан е пораст на активните случаи во последните пет дена. На 20 октомври имало околу 5.700 активни случаи, а вчера беа регистрирани околу 6.200.

Вчера беа регистрирани и 11 починати лица, како и 330 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на ковид-19. Вкупниот број на лица со дијагностициран ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а на активни случаи изнесува 6.187.

Според епидемиолошки анализи во моментот, пола од активните случаи или 3.190 се регистрирани во Скопје. Следи Куманово со 446 активни случаи, Велес со 309, Прилеп со 245, Битола со 201, итн.

Државните здравствени институции продолжуваат со вакцинација на населението против ковид-19. Во  државата се вакцинирани над 800.000 граѓани. Воедно, над 5.000 лица примиле трета доза на анти-ковид вакцина.

Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од Министерството за здравство (МЗ). Опфатот со вакцинација со една доза на вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти од жителите примиле две дози на вакцина.

Активни случаи Заразени Ковид-19 Македонија Статистика тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.