Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Пандемијата на ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот се достапни, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој повторно апелира за поправедна дистрибуција на вакцината. Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да ѝ стави крај. Таа е во наши раце, сите потребни алатки нѝ се достапни, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин. Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“. Целта на…
Здравствениот сектор се соочува со одлив на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската Kомисија (ЕК) во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата. И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со одлив на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот и натаму има потреба од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК. Во однос на рефундирање на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат…
Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) со Европската Унија (ЕУ) што беше потпишана во 2001 година ја поставува рамката за односите со Северна Македонија и вклучува политички, економски и технички дијалози. Во текот на извештајниот период, експертите се состанале во седум Поткомитети и една Специјална група. Комитетот за стабилизација и асоцијација, пак, се состана во во јуни оваа година при што фокусот на разговорите беше ставен на одлуката за отворање на пристапните преговори и постигнатиот напредок во унапредување на реформите, особено во областите на основите и зајакнувањето на добрососедските односи, нотира најновиот Извештај на ЕК за земјава. Извештајот што беше…
Резултатите од првиот круг не се според нашите очекувања, меѓутоа има уште еден круг на локалните избори. Ништо не е загубено. На терен сме, разговараме со граѓаните, работиме и во вториот круг, на 31 октомври, очекуваме победа во сите општини, истакна Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на „360 степени“. „Во 25 општини во вториот круг влегуваме со предност на нашите кандидати за градоначалници. Веќе освоивме девет мандати, а очекуваме победа во сите општини во кои водиме, но и пресврт во оние каде немаме предност. ВМРО-ДПМНЕ повеќе од ова не може, максимумот го достигна во првиот круг. Пораката од граѓаните е…
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше на средба со граѓани во Демир Хисар во рамки на активностите пред вториот круг на локални избори нареднкиот викенд. Пред насобраните, покрај кандидатот за градоначалник Никола Најдовски, чиј ривал за мандат е Стевче Митревски од СДСМ, се обрати лидерот Христијан Мицкоски кој нагласи дека првиот круг на гласање ја демонстрирал надежта како пат кон промените во земјата. Нашиот народ заслужува и среќа и шанса, Надежта што беше истакната во првиот круф е патот кон промени и искра која ќе го осветли патот на успехот што неминовно ќе се случи, рече Мицкоски пред жителите на Општина Демир…
„Дајте шанса за државата да оди напред наместо да се враќа назад. Со чист образ го барам тоа од вас“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина во Битола во пресрет на вториот круг на локалните избори закажан за 31 октомври. Од вас барам да се сплотиме околу оваа наша заедничка цел. Сакам да испратам порака за заедничко делување во име на направеното досега. Во спротивно, постои ризик за неизвеснот, криза и враќање назад на земјата, порача Заев пред битолчани. Претседателот на СДСМ пред присутните граѓани истакна дека „секоја општина е важна за партијата која особено да…
Петар Тодоров, член на македонскот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, тврди дека никој во земјава не врши политички притисок во нивната работа. Ние, вели тој, работиме на научни принципи со заштита на националните интереси и никако не може да стане збор дека вршиме некакво предавство на овие интереси. Досега сите ние во Комисијата, заедно со колегата Ванчо Ѓорѓиев, заедно сме постигнале решенија и препораки до двете влади за кои сметаме дека помагаат во надминување на проблемите кои постојат во двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, на…
Холивудската ѕвезда Алек Болдвин изјави дека неговото „срце е скршено“, откако случајно ја застрела директорката на фотографија, Халина Хачинс во Ново Мексико, додавајќи дека соработувал со полицијата во истрагата која треба да открие како се случил трагичниот инцидент. Нема зборови да се опишат шокот и тагата по смртта на Халина Хачинс, сопруга, мајка и прекрасна колешка. Во контакт сум со нејзиниот сопруг и се понудив да му помогнам на семејството. Срцето ми е скршено поради него, поради синот и сите што ја познаваа Халина, напиша Болдвин на Твитер. Инцидентот се случи вчера попладне за време на снимањето на филмот „Rust“…
Пред седиштето на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк е пронајден пакет со предмет за кој постоеше сомнеж дека е бомба, поради што полицијата во целост го блокира сообраќајот на Првата авенија. Тоа беше причина за затворање и на главниот излез од зградата. Полицијата го огради и блокот околу местото на откривање на пакетот за кој се претпоставуваше дека крие експлозивна направа. Во тој дел на Њујорк се наоѓаат и амбасади на бројни светски земји, па затоа и два блока околу нив беа затворени. На крајот, сепак, се испостави дека не станува збор за бомба, туку за кутија со цвеќе.
(Видео) Невреме во Москва: Оштетен дел од ѕидот на Кремљ, затворени сите приоди кон Црвениот плоштад
Во силно невреме што денеска ја зафати Москва, пропратено со дожд и град, се урна дел од ѕидот на Кремљ. Како што пренесуваат локалните медиуми, силниот ветар уриваше дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот. https://www.youtube.com/watch?v=a9ZowChqZsQ Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, доколку е можно, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја. Од ураганскиот налет не издржаа ниту скелињата поставени на ѕидовите на Кремљ. Ветрот ги урна скелињата на Црвениот плоштад, при што се оштетени дел од ѕидовите. Во тек се работите на реставрација на…
Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел ја благослови новата коалициска влада, изјавувајќи дека очекува „мирно да спие“ со социјалдемократот Олаф Шолц како нејзин наследник на функцијата. Меркел се повлекува од политиката по 16 години минати на власт како канцеларка, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ замина во опозиција, откако на минатомесечните парламентарни избори го постигна својот најлош изборен резултат во историјата. Нивните главни ривали, социјалдемократите од левиот центар, сега преговараат за коалиција со либералните Слободни демократи (ФДП) што го поддржуваат бизнисот, како и „Зелените“. Нивна цел е до почетокот на декември да го назначат министерот за финансии и вицеканцеларот Шолц за…
Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи вечерва околу 19 часот на булеварот „Илинденска“, пред кафе-бар „Трибека“. Во несреќата, едно лице е потешко повредено, а две други лица се со полесни повреди и сите се пренесени во болница. Во тек е увид за причините на несреќата.