Author: Sashko

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, денеска (14 часот) на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе го одбележат Денот на независноста на Украина – 24 август. Според програмата, како што соопшти Украинската aмбасада, предвидено е поставување на светски рекорд за изведување на националната химна на Украина истовремено во 50 земји во светот и формирање на жив синџир во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“.

Read More

Времето претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и во ноќните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 24 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде претпладне сончево, со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и електрични празнења. Утринската…

Read More

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез и за излез од државата е околу 20 минути, а на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од земјава. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово -…

Read More

Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово, во 7:34 часот на 115 километри, источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.

Read More

Владата в четврток се очекува да прогласи нова кризна состојба за електричната и топлинската енергија што треба да стапи на сила од 1 септември, пренесува МИА, повикувајќи се на владини извори. Одлуката беше најавена од министерот за економија, Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Од Владата уверуваат дека ќе нема рестрикции на струја во престојниот зимски период. „Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ“, изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.

Read More

Општина Арачиново ќе добие еден милион евра од Буџетот за санирање на канал за отпадни води. Одлуката е донесена на денешната 72-ра седница на владата и на социјалните мрежи ја сподели првиот вицепремиер, Артан Груби. „Конечно ќе се санира каналот за отпадни води во Општина Арачиново. На денешната седница на владата ја донесовме одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за регулирање на обиколниот канал во оваа општина. Исклучително важна инвестиција вредна околу 66 милиони денари која ќе овозможи подобар живот на Арачиновци“, напиша Груби на неговиот официјален Фејсбук профил. Проектот за санирање на каналот за отпадни води во…

Read More

Кина денеска успешно лансираше нов сателит во вселената од Центарот за лансирање сателити „Ксичанг“, во југозападната кинеска провинција Сечуан, објави агенцијара „Ксинхуа“. Сателитот Чуангсин-16, развиен од Кинеската академија на науките, беше лансиран во 10:36 часот по локално време, со ракета-носач „Куаиџу-1А“ и успешно влезе во планираната орбита. Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и за тестирање нови технологии. Лансирањето беше 16-та мисија од серијата ракети „Куаиџу-1А“.

Read More

Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен од функцијата на денешната 72-ра седница на Владата. Од таму ја потврдија информацијата, но порачаа дека подоцна ќе бидат објавени подетални информации за одлуката, како и причините поради кои е донесена. Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година.

Read More

Австриската амбасадорка во Бугарија, Андреа Вике денеска изјави дека заедно со нејзините колеги амбасадори во Софија биле изненадени од ветото на Бугарија во 2019 година за почеток на преговори со Северна Македонија. Според неа, тоа нив ги ставило во ситуација да ги објаснуваат причините за тоа. „Знаеме дека и ние и вие секогаш сме го поддржувале развојот на ЕУ и вклучувањето на државите од Западен Балкан. На крајот, успеавте да најдете решение, знам не беше лесно да се справите и ве поздравувам и вас и експертите кои работеа по ова прашање“, рече амбасадорката Вике. Претседателот на Бугарија, Румен Радев ја…

Read More

Горан Иванов е назначен за в.д. директор на Управата за финансиска полиција. На позицијата доаѓа како предлог на Комисијата за кадровски прашања на СДСМ и мина на денешнат владин седница по разрешувањето на досегашниот прв човек на Управата, Арафат Муареми. Мандатот на Муареми заврши во април оваа година. Но тој, сепак, остана како в.д. директор на Финансиската полиција до неодамнешното, како што и самиот објави, самоволно, заминување од функцијата по претресот на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и кривичната пријава што ја поднесе против обвинителката Вилма Русковска.

Read More

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 429 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 338.549. Оздравени се 572 пациента, а пријавени се и пет починати лица. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), направени се 1.284 тестови, а од вкупниот број позитивни, 95 се реинфекции. Од новите случаи, во Скопје се 171, во Охрид – 28, во Битола – 27, во Куманово – 19, во Прилеп, во Кавадарци, во Велес и во Гевгелија – по 17, во Штип, во Делчево и во Берово – по 13, во…

Read More

Двајца возачи на автобуси, при контрола на граничниот премин „Табановце“, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин„ Табановце“ извршиле контрола на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р. (40) од село Мојанци, Општина Арачиново и на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. „Државниот инспекторат за транспорт изрече соодветни санкции…

Read More