Author: Sashko

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ ги откажа плановите за производство на сопствена вакцина против Ковид-19, темелена на mRNA технологија, поради доминантната пазарна улога на корпоративниот сојуз меѓу „БајонТек/„Фајзер“ и „Модерна“ во борбата против пандемијата, соопштија денеска дирекцијата на компанијата во Париз. Британските медиуми пренесуваат дека француската фармацевтска групација место тоа ќе се фокусира на напорите со британскиот партнер „ГлаксоСмитКлајн“ да лансираат конвенционална вакцина темелена на протеини против ковид-19, што во моментот масовно се тестира. Одлуката за запирање на клиничкиот развој на мРНА вакцината на „Санофи“ е донесена и покрај позитивните резултати од првата и втората фаза од клиничките испитувања што денеска…

Read More

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека Норвешка од вчера е преселена во категоријата земји со најголем ризик за патување (категорија 4). Оваа скандинавска земја од викендот ги ублажи повеќето од ограничувањата поврзани со ковид-19. Соседните земји Шведска и Данска во категоризацијата на ЦДЦ се сместени во нивото 3. Од Источна Европа, на нивото 4 од вчера се најде и соседна Бугарија. Согласно критериумите на ЦДЦ, во категоријата земји со „многу висок ризик“ на ковид-19 се ставаат оние што во последните 28 дена имале над 500 случаи на 100.000 население. ЦДЦ препорачува луѓето да избегнуваат патувања во…

Read More

Два дена по изборите и историскиот пораз на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ, расте притисокот врз главниот кандидат за канцелар и претседател на ЦДУ, Армин Лашет да се откаже од амбициите за формирање на влада, а се погласни се и оние што бараат негова оставка. Сега треба понизно и со почит да ја прифатиме волјата на гласачите кои избраа промени, изјави за АРД, Бернд Алтусман, шеф на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за сојузната покраина Долна Саксонија. Со таа изјава, тој се придружи на растечкиот број на истакнати членови на ЦДУ кои бараат „нов почеток“. Ги загубивме изборите. Точка. Сега останува на СПД, на…

Read More

Фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ забрани увоз на пратка со свежо грозје со потекло од Северна Македонија, во износ од 20.730 килограми, поради зголемената содржина на пестициди, јави дописникот на МИА од Белград. При редовниот преглед на пратка храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да испита остатоци од пестициди, соопшти Инспекторатот на Р.Српска, пренесува РТРС. Врз основа на извештајот за лабораториска анализа издаден од „Институтот за вода“ во Бјелина, во кој е испитано присуството на 180 активни супстанции, во анализираниот примерок открино е зголемено присуство на пестициди „фосмет“…

Read More

Авионот на Владата на Црна Гора беше оштетен синоќа на аеродромот во Подгорица. Во инцидентот, што се случи околу 22 часот, нема повредени, јави РТЦГ. Непосредно пред инцидентот, државни службеници и членови на делегацијата се симнаа од авионот. На владиниот авион, како што се наведува, најверојатно се скршила опремата за слетување. За настанот беа известени надлежните органи, кои ќе спроведат истрага за тоа како и зошто настанал инцидентот. Во авионот беше делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Алекс Бечиќ, која учествуваше на Самитот на претседатели на парламентите на Западен Балкан, во Љубљана, пишува „Вијести“.

Read More

Полициски офицер од секторот за криминал е застрелан претпладнево во момент кога заедно со други колеги биле на работна задача во откривање на парцели со канабис. Инцидентот се случи во 10:30 часот во Лежа кога од огнено оружје е пукано врз полциска група која била во контрола на тоа подрачје, во рамки на акцијата за елиминирање на одгледувањето на наркотични растенија. Тешко е повреден полицисикот офицер Саимир Хоџа (44) кој им подлегна на повредите на пат кон регионалната болница во Лежа, се наведува во полициското соопштение. Областа е блокирана од големи полициски сили, меѓу нив и припадници на специјалната единица…

Read More

Набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“ е содржана во Договорот за воспоставување на стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, што утрово во Париз го потпишаа министрите за надворешни работи и за одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Макрон и Мицотакис, на прес-конференцијата по потпишувањето на Договорот ја истакнаа неговата важност, како за двете земји, така и за мирот и стабилноста во поширокиот регион, а се осврнаа и на блиските и зајакнати односи меѓу двете земји. Францускиот претседател рече…

Read More

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, преку објава на Твитер го изрази своето задоволство од почетокот на балканската турнеја од Албанија. Преку објавата по средбата со премиерот Еди Рама, таа истакна дека нејзината порака е јасна – иднината на Албанија е во ЕУ. Мило ми е што ја започнав посетата на Западен Балкан од Албанија. Мојата порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија силно се придржува кон оваа определба. Со добар напредок во реформите во правосудството, Албанија постигна успех. Сега ЕУ мора да го стори истото, напиша таа. По средбата со премиерот Еди…

Read More

Фејсбук-страната на албанскиот премиер Еди Рама денеска е блокирана, откако во Тирана пристигна претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Страната е блокирана во момент кога во живо се пренесуваше свеченот пречек на Лајен. Причините засега се непознати, пренесува „Ора њуз“. Таа беше дочекана од премиерот Еди Рама во Палатата на бригадите, по што следуваше средба со него, а потоа и со шефот на државата Илир Мета. Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември во 2019 година, обновени со…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски го објави списокот со играчи за натпреварите со Фарски Острови на 7 октомври во Клаксвик и на 12 октомври против Ерменија во Ереван. Двата дуела се квалификациски за пласман на Европското првенство во 2023 година. На списокот на Канатларовски се најдоа: Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимив (Кадино); Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Лум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш 1930), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница); Среден ред: Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис…

Read More

Човек од Осиек преку социјална мрежа купил мобилен телефон вреден 1.500 куни, но кога го отворил пакет по преземање од пошта, во него нашол само цигла, пренесува хрватскиот портал индекс.хр. Се сметам за доста интернет писмен. По неколку часа дневно сум на мојот паметен телефон и лаптоп и во последните години купив најмалку 50 пати онлајн, но и продавав работи по договор преку социјалните мрежи. Имаше разни мобилни телефони, автомобилски делови, техничка стока од неколку илјади куни. Сè функционираше добро до март, кога неколку пати себеси си реков – каков кретен и будала си. Со задоволство го отворив пакетот што…

Read More

Во тек е акција за спасување на 39 рудари кои повеќе од 24 часа се затрупани во окно на северот од канадската провинција Онтарио. Рударската компанија „Вале“ објави дека спасувачите успеале да се пробијат до рударите на различни локации во рудникот Тотен на длабочина од 900 и 1.200 метри, пренесува АП. Се надеваме дека сите рудари ќе бидат извлечени од окното до вечерва, се вели во соопштението на бразилската компанија, додавајќи дека никој од рударите не е повреден. Раководството на рудникот претходно потврди дека несреќата во рудникот за бакар, никел и благородни метали се случила во неделата кога рударско возило…

Read More