Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договор за стратешко партнерство за одбрана и безбедност: Грција набавува три фрегати од Франција

0
By Sashko on September 28, 2021 РЕГИОН
Фото: ekathimerini.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 28, 2021 12:40

Набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“ е содржана во Договорот за воспоставување на стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, што утрово во Париз го потпишаа министрите за надворешни работи и за одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Макрон и Мицотакис, на прес-конференцијата по потпишувањето на Договорот ја истакнаа неговата важност, како за двете земји, така и за мирот и стабилноста во поширокиот регион, а се осврнаа и на блиските и зајакнати односи меѓу двете земји.

Францускиот претседател рече дека Договорот е плод на 18-месечна интензивна работа и ја изразува заедничката волја на двете земји за зајакнување и интензивирање на соработката во одбраната и безбедноста врз основа на взаемните интереси, но и на солидарност, а намерата е „да се заштитат суверенитетот, независноста и интегритетот на двете земји“.

Ова партнерство е во рамки на нашите обврски во ЕУ и во НАТО, ја зајакнува ефикасноста и нѝ дава можност да бидеме поефикасни и координирани во нашите активности во корист на мирот и безбедноста во Медитеранот, на Блискиот Исток, во Африка, но и на Балканот. Придонесува во европската независност, во зајакнување на суверенитет на Европа и на мирот и безбедноста на светско ниво, рече Макрон и истакна дека конкретното партнерство „не е насочено против никого“, додавајќи дека постои заедничка визија за стабилност во конкретните региони.

Грчкиот премиер, кој соопшти дека по 24 француски воени авиони „Rafale“, Грција ќе добие и три фрегати „Belharra“ со можност да се набави уште една, истакна дека е историски ден за Грција и Франција, бидејќи двете страни решија да ја надградат билатералната одбранбена соработката, двете земји „прават прв храбар чекор кон европска стратешка автономија“, а овој Договор го отвора патот за силна Европа во иднина.

Со претседателот Макрон имаме иста визија за развој на неопходните одбранбени способности за автономен одговор на Европа на предизвиците со кои се соочува. Овој Договор, го отвора патот за автономна и силна Европа во иднина. Европа која, како што рече претседателот, ќе може да ги брани своите интереси во нејзиното пошироко соседство, во Источниот Медитеран, на Блискиот Исток, во Сахел. Европа која ќе има средства, волја и влијание да гарантира мир и напредок на светско ниво. Европа која конечно ќе ја усогласи својата геополитичка моќ со нејзината економска моќ, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер додаде дека одлуката да набават француски фрегати има и национален, но и европски мотив, бидејќи од една страна ја штити Грција, а од друга страна ја зајакнува заедничка одбранбена индустрија, а со оглед на тоа дека и Франција ги има истите фрегати, овој избор „има и евро-атлантски карактер, бидејќи се работи за две земји партнери во ЕУ, но и сојузници во НАТО“.

Грција Договор Емануел Макрон Кирјакос Мицотакис регион Франција Фрегати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.