Author: Sashko

Македонија е со 12.207 активни случаи на ковид-19 во моментот од кои најголем број или 5.714 има во Скопје. Следен по главниот град е Тетово со 951 активен случај, потоа Куманово со 937, Гостивар со 497, Охрид со 491, Кичево со 411, Струга со 364, итн. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), регистрирани се нови 525 случаи со ковид-19 од 3.858 тестирања. Пријавени се 18 починати лица од кои 12 во изминати 24 часа, а шест со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. Евидентирани…

Read More

Времето утрово ќе биде студено, а во текот на денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне 28 степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека до понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со…

Read More

Да не ја испуштиме можноста да го искористиме самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија за да се направи смел чекор напред. Време е Европската Унија да испорача, нагласи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, во делот посветен на европската перспектива на регионот, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис истакна дека Грција секогаш беше активен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан како средство за повеќе просперитна, стабилна и демократска иднина на регионот. „По усвојувањето на Солунската агенда во 2003 година, европската перспектива беше движечка сила за реформи, демократизација и промена. Но, да…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата – ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето, јави „Ен-Би-Си“. Одбивањето да се вакцинираат сите нè чини многу скапо“, изјави Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани. Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повикува Американците да примат трета доза, велејќи дека истото ќе го…

Read More

Изборната комисија на Руската Федерација денеска ги потврди изборните резултати според кои владеачката „Единствена Русија“ освои 324 места од вкупно 450 во Думата. Парламентарните избори во Русија се одржаа од 17 до 19 септември, а претседателката на Изборната комисија, Ела Памфилова ги соопшти изборните резултати за Думата, долен дол на рускиот парламент. Таа, исто така, истакна дека излезноста на изборите била 51,74 отсто, при што правото на глас го искористиле над 56,4 милиони луѓе. Памфилова додаде дека вкупно осум политички партии, заедно со пет независни кандидати, влегле во новиот состав на парламентот. Покрај 324-те места на „Единствена Русија, 57 освои…

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да гласаат за Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, за да ја одржат Германија „стабилна“. Пораката е испратена два дена пред одржувањето на парламентарните избори на кои се бира нејзин наследник. За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да биде федерален канцелар, изјави Меркел на митингот на нејзината партија во Минхен пред изборите в недела, според кои анкетите предвидуваат близок дуел помеѓу фаворитот на социјалдемократите и неговиот десничарски противник. Таа истакна дека „не е важно кој раководи со Германија“, предупредувајќи кое сценарио би било доколку победи социјалдемократот Олаф Шолц, кој…

Read More

Стравична несреќа се случи денеска во Земун во која шофер загуби контрола врз автобус со број 45 и влета во детско игралиште и притоа повреди четири лица. Најтешко мина двегодишно девојче кое се здобило со тешки повреди на главата и моментно е на реанимација. Како што истакна градоначалникот на Белград, Зоран Радоичиќ, девојчето е сместено на интензивна нега на детската клиника „Тиршова“ и се наоѓа во свесна состојба. Останатите три повредени лица се малолетници на возраст од 11, 15 и 15 години. Надзорните камери го забележија целиот момент во кој шоферот не успеа да го „фати“ свиокот, а случаен минувач…

Read More

Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против ковид-19 што се развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и за луѓето кои немаат природни антитела. Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп кога беше заразен со коронавирусот. Терапијата во моментот се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец. Во посебно соопштение, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот…

Read More

Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) за човекови права регистрирала 350.209 жртви за време на граѓанската војна во Сирија во последната деценија, вклучувајќи цивили и борци, а бројот на жртвите од конфликтот се проценува дека е многу поголем. Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башеле денеска изјави дека бројките се однесуваат на периодот од 2011 до 2021 година. Сепак, тој број е многу помал од бројот објавен од Сириската опсерваторија за човекови права. Тие во јуни објавија дека повеќе од 606.000 луѓе загинале во конфликтот во Сирија. Според Башеле, Канцеларијата на ОН собира податоци под построги правила и подетално,…

Read More

Италијански судија денеска го ослободи поранешниот каталонски регионален лидер Карлес Пуџдемон, откако беше уапсен претходната ноќ на Сардинија, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Сепак, судијата му наложи да остане на островот додека не се решат неговите правни прашања. Адвокатот на Пуџдемон во Италија, Агостинаџело Марас, изјави дека судот допрва треба да ја донесе таа одлука. Пуџдемон, кој живее во азил во Брисел, беше уапсен синоќа по наредба на Високиот суд на Шпанија, откако со авион пристигна на Сардинија, каде требаше да учествува на собир за меѓународна промоција на каталонската култура.

Read More

Норвешка утре целосно ќе ги укине мерките против ковид-19 кои ги ограничија социјалните контакти и го блокираа голем дел од економијата. Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина, изјави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција. Ограничувањата за коронавирусот ќе бидат укинати утре од 16 часот по локално време. Одлуката повеќе да не се бара физичка дистанца ќе овозможи на културните и спортските места во Норвешка да работат со полн капацитет, рестораните повторно да бидат полни, а ќе се отвораат вратите и на ноќните клубови.…

Read More