Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Највисоки официјални претставници на Пентагон рекоа дека „ќе извлечат поуки“ од војната во Авганистан, признавајќи притоа дека чувствуваат „болка и гнев“ бидејќи ја предадоа земјата на талибанците со кои војуваа 20 години. Ниту една операција не е завршена. Сакаме да извлечеме секаква можна поука од ова искуство, рече Лојд Остин, министер за одбрана на САД, во првото јавно обраќање по завршување на хаотичната евакуација на 124.000 цивили од Кабул во ноќта во понеделникот спроти вторникот. Остин, поранешен генерал кој се бореше во Авганистан, оддаде почест за 800.000 американски војници кои учествуваа во авганистанската војна од 2001 година во која загинаа…
Авганистанците кои работеле за британската Влада или армија, ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е дел од планот наречен „Операција топло добредојде“, кој предвидува лицата кои ги исполнуваат условите да имаат можност да останат во Велика Британија на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено. Во исто време, оние кои веќе се во Велика Британија можат да го подобрат својот статус и да бараат постојана работа, јави „Би-Би-Си“. Велика Британија од 13 август евакуираше повеќе од 8.000 луѓе ги исполнува условите од планот…
Последниот разговор меѓу американскиот претседател и неговиот авганистански колега пред талибанците да ја преземат контролата врз земјата покажа дека ниту Џо Бајден, ниту Ашраф Гани не биле свесни за непосредната опасност за Авганистан, иако Бајден му порача на Гани „да стави војник на чело на вооружените сили“. Разговорот се одржал на 23 јули и траел 14 минути, а неговата содржина денеска ексклузивно ја објави „Ројтерс“, чии експерти ја потврдија автентичноста на снимката што ја добиле од анонимен извор. Во повикот, Бајден и Гани, меѓу другото, разговарале за воената помош на САД за Авганистан, политичката стратегија и промена на перцепцијата на…
Англиските фудбалски клубови потрошија 1,1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок, што е за 11 отсто помалку во споредба со минатото лето кога премиерлигашите издвоија 200 милиони фунти повеќе. Според податоците на ревизорската куќа „Дилојт“, тоа е најниска колективна потрошувачка на екипите од Премиер лигата од 2015 година, а, воедно, регистриран е последователен пад за прв пат од глобалната финансиска криза меѓу 2008 и 2010 година, објави британскиот сервис „Би-Би-Си“. Од вкупната сума, премиерлигашите во последниот ден од преодниот рок потрошиле 150 милиони фунти. Германската Бундеслига е единствена европска лига од „големата петорка“, која ја зголемила…
Бројни трансфери меѓу најсилните европски фудбалски клубови донесе самата завршница на летниот преоден рок. Најсилно одѕвони враќањето на францускиот репрезентативен напаѓач, Антоан Гризман во мадридски Атлетико. Французинот го носеше дресот на Барселона од 2019 година, а се враќа во Мадрид како позајмен фудбалер со можност Атлетико да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра. Барселона, пак, го доведе Холанѓанецот Лук де Јонг од Севилја, како позајмен играч и го пријави неколку часови по истекот на преодниот рок. Бројни медиуми во Шпанија по тој повод објавија дека паднал комплетниот систем за пријавување на фудбалери и оти клубовите успеале навреме да ја…
Додека Америка ги чека првите примероци на заживеаниот „Хамер“ под брендот на „ГМЦ“, Русија ќе добие нов робустен теренец кој изгледа како мешавина од „Хамер Х1“, „Х2“ и слични возила. „Рускиот хамер“ се вика „Стрела“ (Ароу) и ќе биде наменет, пред сѐ, за државните служби на редот и законот, но и за домашниот потрошувачки пазар. Засега се знае оти возилото е долго 5,1 метри, широко 2,35 метри, тежи 3.500 килограми, има носивост до 900 кг. и капацитет за пет лица. Се напојува со 2,8-литарски „Каминс“, дизел-мотор којшто развива 157 коњски сили и поврзан е со шестстепен рачен менувач. Моќта се…
Светската Здравствена Организација (СЗО) денеска во Берлин ќе отвори центар за рано предупредување за пандемија при евентуално идно соочување со ситуации во светот како актуелната. Новиот глобален центар на СЗО за пандемиски и епидемиски податоци (Hub for Pandemic and Epidemic Intelligence) „ќе собере партнери од целиот свет за соработка и создавање на податоци и алатки што се потребни на сите земји за да се подготват, откријат и да одговорат на пандемиски и епидемиски ризици, нагласи СЗО. Центарот ќе го отворат првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус и германската канцеларка Ангела Меркел. Здравствените експерти веруваат дека по ковид-19, појавата на…
Дваесетгодишната војна и американското присуство во Авганистан беа „трагедија“ за таа земја, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, еден ден по завршување на операцијата за повлекување на САД. Дваесет години американски војници беа присутни на оваа територија и дваесет години се обидуваа да ги „цивилизираат “луѓето што живеат таму. А всушност, ги наметнуваа нивните норми и стандарди на живеење. Како резултат, само трагедии. Само загуби. И за оние што го направија тоа, за САД, а уште повеќе за луѓето што живеат во Авганистан, изјави Путин за време на турнејата на Далечниот исток на Русија, пренесува агенцијата ТАСС. Што се однесува…
Македонската машка одбојкарска репрезентација попладнево (18 ч.) во Тампере ќе игра против Финска во премиерниот настап на 32-то Европско првенство. „Црвено-жолтите“ по вторпат ќе учествуваат на континенталните собири и по вторпат ќе се соочат со финските одбојкари кои на ЕП 2019 славеа со 3:1. Финска не е подобра репрезентација од нас, но сè ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Го гледав првиот натпревар со нив и навистина загубивме на ситни работи, а во нашата игра има можност за напредок уште 20 или 30 проценти. Доколку успееме да се подобриме за 10 проценти, мислам дека ќе ги победиме, изјави капитенот…
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги избра Полска и Шведска за домаќини на Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција. Шведски градови домаќини на Мундијалот од 11 до 29 јануари во 2023 година се очекува да бидат Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристијанстад и Јончепинг, додека градови во Полска ќе бидат одредени оваа есен. Финалето треба да се одржи во „Теле2 Арена“ во Стокхолм, чиј капацитет е 20.000 гледачи, додека ждрепката за формирање на групите ќе биде во Полска во јануари догодина. На ракометниот Мундијал ќе настапат 32 репрезентации, а домаќините и бранителот на трофејот Данска веќе имаат обезбеден настап. Полска за…
Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска предупреди на хуманитарна катастрофа во Авганистан и побара помош и солидарност од меѓународната заедница. Во Авганистан се наѕира хуманитарна катастрофа. Речиси пола од населението има потреба од хуманитарна помош. Секој трет човек не знае од каде ќе го добие наредниот оброк. Сега повеќе од кога и да е, на авганистанските деца, жени и мажи им е потребна поддршка и солидарност од меѓународната заедница, напиша денеска на Твитер генералниот секретар на Светската организација. Обединетите Нации претходно објавија дека над 18 милиони луѓе, околу пола од авганистанското население, бараат помош и дека пола…
Мнозинството луѓе во САД сметаат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова го покажува социолошката студија на Институтот Пју, јави агенцијата ДПА. Има мала разлика меѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна. Затоа, пак, постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан. Таквата одлука на претседателот Џо Бајден има поддршка од 70 отсто кај демократите и 34 отсто меѓу републиканците. Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти…