Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Полициски службеници од Одделението за безбедност при сообраќај при СВР Скопје, синоќа околу 21:40 часот, одзедоа шест возила поради учество во „диви трки“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 20.08.2022, околу 21:40 часот, на улица „Бојмија“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки“, велат од МВР. Оттаму информираат дека возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Едно лице загина, а 25 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава, околу 5:50 часот, на автопатот кај Лесковац во правец кон Ниш, кога се преврте автобус со сомборски регистарски таблички. Автобусот превезувал туристи кои се враќале од летување во Ханиоти. Според РТС, една жена загинала, а на местото на несреќата се наоѓаат полициски и противпожарни екипи и во тек е истрага. За лекување на повредените се ангажирани медицински екипи од Лесковац, Лебанe, Власотинцe и Ниш. Девет повредени, меѓу кои две деца, се пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, соопштија од таа здравствена установа. Засега не…
Аријан Ибраим од Демократската петија на Турците во Македонија (ДПТМ) е старо-нов градоначалник на Центар Жупа, додека Медат Куртовски од СДСМ доби мандат да раководи со Маврово/Ростуше. Ова е епилогот по вчерашните повторени избори за градоначалници во двете општини. Ибраим беше единствен кандидат за градоначалник на Општина Центар Жупа и според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК), за него гласале 3.340 гласачи од вкупно 3.395 кои го оствариле правото на глас. На функцијата ќе биде по трет пат, откако победи и на локалните избори во 2013 година и во 2017 година. Кандидатот на СДСМ, пак, Куртовски освои 3.226 гласа во…
Поради руската целосна инвазија, сите гранки на украинската индустрија претрпеа загуби, а светот страда од недостиг на украински производи, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук и сподели видео од UNITED24, во кое опишува како светот зависи од украинските индустриски производи. „Поради руската инвазија, сите гранки на украинската индустрија претрпеа загуби. За ова страда светот. Недостигот од неонски микрочипови, недостатокот на украински автомобилски делови, недостигот на производи на Азовстал се само почеток на мноштвото проблеми за глобалната индустрија“, напиша Зеленски. На 24 февруари, Русија започна нова фаза од осумгодишната војна против Украина – целосна офанзива. Непријателот масовно ги гранатира и…
Министерството за надворешни работи на Украина ја повика Австрија да го протера постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, кој повика на истребување на Украинците, изјави на Твитер портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко, пренесува агенцијата „Укринформ“. „Амбасадорот на Русија Михаил Улјанов повикува на елиминација на украинската нација. Овој геноциден јазик не смее да се толерира. Ја повикуваме целата дипломатска заедница во Виена да го бојкотира Улјанов, а земјата домаќин Австрија да го прогласи за персона нон грата“, напиша Николенко. Russia’s Ambassador Mikhail Ulyanov is calling for the elimination of the Ukrainian nation. This…
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови со услови за пороен дожд и грмежи на одделни места. Локално е можна појава на невреме со пообилен дожд во кус временски период, силни електрични празнења, силен ветар и услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 20 степени, а дневните ќе бидат меѓу 25 до 32 степена. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 5. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен…
Тобијас Елвуд, претседател на Одборот за одбрана на Долниот дом на Обединетото Кралство, изјави дека секое истекување на радијација поради можен руски напад на нуклеарната централа Запорижја би значело кршење на член 5 од Повелбата на НАТО, пренесува агенцијата „Укринформ“. „Секоја намерна штета што ќе предизвика потенцијално истекување на радијација на украинскиот нуклеарен реактор би било прекршување на членот 5 на НАТО“, напиша тој на Твитер. Let’s make it clear now: ANY deliberate damage causing potential radiation leak to a Ukrainian nuclear reactor would be a breach of NATO’s Article 5.@thetimes pic.twitter.com/FFv6KR1xdq — Tobias Ellwood MP (@Tobias_Ellwood) August 19, 2022 Адам…
Од денеска во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувување на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, на етничката или на верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 нови полициски службеници – генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово. „Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот…
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците бидејќи, како што велат, и во време на пандемијата од ковид-19, работниците со својата работа помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала приходи по основ на даноци. „Стоте најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти. Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле…
Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во близина на градот Газиантеп, јавуваат турските медиуми. „Меѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари“, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул. Во несреќата учествувал минибус во кој удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи. Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.
Кабинетот на претседателот на Украина реагира на рускиот пратеник кој повика на геноцид врз украинскиот народ. Време е светот да сфати дека Руската Федерација е фашистичка вертикала од милиони луѓе, објави советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак на Твитер, коментирајќи го скандалот околу пораката објавена од постојаниот претставник на Руската Федерација при меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов на социјалните мрежи. , јавува дописникот на „Укринформ“. „Амбасадорот на Руската Федерација во Австрија, Михаил Улјанов ја прогласува потребата од „конечно решение за украинското прашање“ и повикува на геноцид. Повторно слушнато во Европа: „Не се сите Руси…
Шведската полиција уапси тинејџер кој е осомничен за убиство на едно лице и нанесување повреди на друго во пукањето во трговски центар во Малме. Првично беше соопштено дека во пукањето се повредени две лица, но повредениот маж од здобиените повреди починал, додека жената по инцидентот во Емпора центарот е испратена во болница, соопшти полицијата. „Нема непосредна опасност за граѓаните. Во овој момент се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното милје“, се вели во полицискиот извештај. Убиствата кои се последица на судири меѓу кланови и банди од неодамна бележат во пораст во Шведска и стануваат една од главните грижи на…