Author: Sashko

Абдул Гани Барадар, ко-основач и политички лидер на Талибанците, синоќа пристигна во Авганистан, за првпат по две децении. Портпаролот на Движењето, Забихула Муџахид ја одржа првата прес-конференција откако Талибанците го зазедоа Кабул и соопшти дека Барадар, шефот на политичката канцеларија на Талибанците и еден од главните преговарачи во неуспешните мировни преговори, се вратил во земјата, поточно во Кандахар. Според голем дел од аналитичарите се очекува токму тој да биде идниот претседател на Авганистан, со оглед на огромната популарност што ја ужива, но и како еден од најблиските соработници и на предводникот на муџахедините Мула Омар, кој почина во 2013 година.…

Read More

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, вечер ќе му биде врачена на годинашниот лауреат – Владимир Јанковски. Годинашната петчлена жири-комисија, во состав Оливера Николова (претседател), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева, со мнозинство гласови го избра романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски („Антолог“, 2020) во конкуренција на 40 пристигнати романи. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура. Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари. Врачувањето на наградата ќе…

Read More

Владата на синоќешната седница донесе најнови мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од ковид-19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. Од 1 септември, домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на…

Read More

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Скопје 2 денеска ќе биде означен почеток на изградба на првата јужнокорејска инвестиција во земјата. На настанот е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Обраќања ќе имаат и претставници на раководството на глобално реномираните компании американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“. Станува збор за нова инвестиција која се реализира со заедничко вложување на двете компании, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект…

Read More

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордно ниско ниво од 46 отсто, откако радикалните талибанци го презедоа Авганистан. Тоа го покажува анкетата на „Ројтерс“, пренесува БГНЕС. Ова е најниската оценка за работата на Бајден за целиот период од неговиот досегашен мандат како шеф на државата. За само една недела, рејтингот на поддршката на претседателот се намали за седум отсто, што е, исто така, рекорден пад. Возрасни граѓани учествуваа во анкетата на „Ројтерс“. Бројот на испитаници не е наведен. Исто така, не се дадени информации за статистичка грешка. По повлекувањето на поголемиот дел од западниот воен контингент од Авганистан,…

Read More

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди Хаити се искачи на 1.941, а над 9.900 лица се повредени, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Карибите. Повеќе од 60.000 домови се уништени, 76.000 се оштетени, а многу јавни згради исто така се уништени од земјотресот во саботата, наведе Агенцијата. Илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата во катастрофата беа непријатно изненадени од тропската бура „Грејс“, која донесе поплави во оваа карипска држава. Американскиот национален центар за урагани предупреди на молњи и урбани поплави и можни свлечишта. Земјата е благодарна…

Read More

Британската влада се согласи да учествува во Планот за прифаќање на бегалци од Авганистан, а властите во Лондон одлучија да прифатат најмалку 20.000 лица. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател ги повика ЕУ и другите земји да го следат примерот на Британија. Во авторски напис објавен на веб-страницата на „Дејли Телеграф“, Пател напиша: „Нашата нова програма за прифаќање бегалци од Авганистан ќе ни овозможи да прифатиме до 20.000 луѓе кои беа принудени да ја напуштат својата татковина. Првите 5.000 ќе пристигнат наредната година“, напиша таа. Пател нагласи дека Велика Британија не може да дејствува сама и дека разговара со…

Read More

Откако пред два дена, речиси без никаков отпор, ја освоја целокупната власт во Авганистан, талибанците вчера прогласија дека војната е завршена. Во своето прво појавување во јавноста преку портпаролот на движењето, Забихула Мухаџид, тие ветија амнестија за сите Авганистанци и почитување на дел од западните вредности, што не беше случај при нивното прво неколкугодишно сурово владеење со оваа истоштена земја. Во Кабул е релативно мирно, без поголеми инциденти, што е веќе поздравено од дел од „големите играчи“ на светската сцена. И на аеродромот во главниот град се чини Американците го вратија редот и дисциплината, за процесот на евакуација на странците…

Read More

На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Согласно сценариото, во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. Претседателот Пендаровски ќе врачи Орден за…

Read More

Управниот суд ја поништил одлуката на Министерство за култура за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“. Судот ја уважил тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Мансбарт и според образложението на пресудата тужбата е основана, а тужениот, Министерството за култура, донело неправилна и незаконита одлука. Одлуката на Управниот суд е донесена на 8 минатиот месец, а ја објави Иницијативата „Култура или Фискултура“, во која членуваат актери од струмичкиот театар, кои во изминатите осум месеци организираа повеќе протести во Струмица и Скопје и предупредуваа на незаконитоста на постапката за избор на директор. Според Јасмина Мазгалиева, една од…

Read More

Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер оценува дека преземањето на власта во Авганистан од Талибанците е „политичка пресвртница што ќе го промени светот“. Германија, додава тој, е исто така одговорна за „човечката трагедија“. Тоа што талибанците ја презедоа власта во Авганистан ќе има долгорочни глобални политички последици, оценува германскиот претседател. Овие денови доживуваме човечка трагедија за која делиме одговорност и политичка пресвртница која ќе нè раздрма и ќе го промени светот“, порача Франк Валтер Штајнмаер од Берлин. Германија, вели тој, мора да стори се што е можно за своите сонародници и Авганистанците кои помагаа со години да ги доведе на…

Read More

Авганистанската национална валута – авгани продоложи со вртоглав пад на вредноста по преземање на талибанците на власта во Кабул. Авгани денеска падна за 1,7 отсто, односно на 83,50 американски долари, според податоците на агенцијата „Блумберг“ од Њујорк. Во меѓувреме и шефот на авганистанската Централна банка, Ајмал Ахмади побегна од земјата. Тој на Твитер објави низа пораки според кои националната банка е известена дека повеќе нема да биде снабдувана со долари, што ја намали способноста на регулаторот да дава поддршка на националната валута и придонесе за ширење на паника низ земјата. Курсот на валутата од стабилни 81 авгани за еден долар…

Read More