Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управен суд поништи одлука на Министерството за култура: Изборот на директор на Центарот за култура во Струмица бил неправилен и незаконски

0
By Sashko on August 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 18, 2021 07:24

Управниот суд ја поништил одлуката на Министерство за култура за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“. Судот ја уважил тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Мансбарт и според образложението на пресудата тужбата е основана, а тужениот, Министерството за култура, донело неправилна и незаконита одлука.

Одлуката на Управниот суд е донесена на 8 минатиот месец, а ја објави Иницијативата „Култура или Фискултура“, во која членуваат актери од струмичкиот театар, кои во изминатите осум месеци организираа повеќе протести во Струмица и Скопје и предупредуваа на незаконитоста на постапката за избор на директор.

Според Јасмина Мазгалиева, една од кандидатките која се пријави на конкурсот на Министерството за култура за избор на директор, со пресудата се утврдило прекршување на постапка и тоа дава надеж дека еден дел од државата функционира и дека се враќа довербата во правосудниот систем.

Правдата е бавна, но доаѓа. Во иднина ги охрабрувам сите кои сметат дека правото е на нивна страна во вакви и било какви други постапки да се охрабрат и да постапуват, бидејќи само на ваков начин можеме да се бориме против „намерните” или „ненамерните” грешки донесени од надлежни институции, изјави Мазгалиева за МИА.

Според одлуката на судот, Министерството за култура треба да ја повтори постапката за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“, каде на таа позиција беше избран Васил Бубев на 26 јануари оваа година.

директор конкурс Македонија министерство за култура Струмица Управен суд Центар на култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.