Author: Sashko

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс остави можност САД да соработуваат со новата влада во Авганистан, јави агенцијата „Анадолија“. Ги продолжуваме нашите контакти со талибанците во Доха. Американската војска разговараше и со талибанците во Кабул, рече Прајс за време на брифингот во Вашингтон. Според него, позицијата на САД ќе зависи од постапките на владата во Авганистан, т.е. од талибанците. Шефот на прес-службата објави дека сите вработени во американската амбасада во Кабул, вклучително и амбасадорот, биле однесени на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, каде што се целосно безбедни. Пентагон работи на создавање на безбедни и сигурни услови за продолжување на воените…

Read More

Европскиот парламент стравува дека Русија и Кина може да го зголемат своето влијание во Авганистан по повлекувањето на трупите на НАТО и по колапсот на авганистанските власти под притисокот на борците од радикалното талибанско движење. Европската Унија мора да развие нова стратегија за Авганистан и регионот во целина, земајќи ги предвид новите околности околу фактот дека Русија и Кина можат брзо да го пополнат политичкиот вакуум, се вели во соопштението на лидерите на ЕП, објавено на веб -страницата на институцијата. Европратениците велат дека Пакистан, Иран и Индија треба да бидат повикани да играат конструктивна улога во Авганистан. Во услови на…

Read More

Талибанскиот претставник Анамулах Самангани најави општа амнестија за сите во Авганистан и ги повика жените да се приклучат на нивната влада. Членот на комисијата за култура при Исламскиот емират, име што го користат талибанците за Авганистан, го изјави тоа денеска за државната телевизија, која сега е под нивна контрола. Исламскиот емират не сака жените да бидат жртви, изјави талибанскиот претставник. Тој додаде дека структурата на новата влада сè уште не е целосно позната, но врз основа на претходните искуства, треба да има целосно исламско раководство и сите страни да бидат вклучени во неа. Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала…

Read More

Друштвените мрежи со полнат со видео снимки од Кабул на кои се гледа како Талибанците се забавуваат во еден забавен парк во главниот град на Авганистан по враќање на власт по пауза од 20 години. Една таква објави британски „Гардијан“ на која се гледа како борците на организацијата јаваат коњчиња, на некои се возат на колички што се судираат, а на некои се качени на вртелешка за деца. It seems all they wanted was free rides at the theme park #Taliban pic.twitter.com/qh00uk96UK — Shakib Noori (@shakibnoori) August 16, 2021 Коментарите под постовите се различни, од оние кои сметаат дека глетката…

Read More

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ од денеска официјално го почнува процесот за собирање на потписи за нивната независна листа за претстојните локални избори. -Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на денешната прес-конференција. Се работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и заложбите на Зелен хуман град, велат од граѓанската иницијатива и додаваат дека потписи ќе се собираат во сите подрачни одделенија на ДИК…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе…

Read More

Јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август. Државниот завод за статистика (ДЗС) ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk  и https://popis2021.stat.gov.mk Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 19 август 2021…

Read More

Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера исчезна во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино. Утрово екипа на Брза помош констатира смрт кај момчето. Без знаци за други надворешни повреди, рече Филипова. Телото било пронајдено во близина на местото каде било давењето. Завчера околу 16 часот во Полициската станица Неготино, З. Ј. (39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што, еден од нив, малолетник од село Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата.

Read More

Состојбата со пожарите на отворен простор полека се става под контрола, а од Центарот за управување со кризи (ЦУК) порачуваат дека човечкиот фактор е најчеста причина за нивно избувнување, било да станува збор за намерно или ненамерно потпалување. Во моментот се активни само три од вкупно 106-те поголеми шумски пожари од кои најлош беше оној во Малешевијата кај Берово, Пехчево и Делчево што е успешно изгаснат. Од ЦУК за рано утринава најавија дека ќе преземат активности за локализирање на пожарот над село Безгаштево меѓу Берово и Струмица што се реактивираше вчера попладне на тешко пристапен терен. Токму тоа беше причината…

Read More

Молневитото талибанско освојување на Авганистан и особено на главниот град Кабул, и уште побрзото, речиси без никаков отпор, преземање на лостовите на власта, е шок за сите западни демократии и влади. Овој воен „блиц криг“ во земјата во која 20 години Западот, пред сè, САД вложуваа милијарди и милијарди долари во опрема, техника, персонал и поинаков изглед и развој, за повеќемина западни лидери, медиуми и аналитилари, е најголемото фијаско во историјата на САД и НАТО. Некои медиуми дури оценуваат дека е ова триумф на тероризмот врз западните вредности. Земјата веќе два дена е комплетно во раце на талибанците, освен аеродромот…

Read More

Министерството за одбрана на Узбекистан потврди дека собори авганистански воен авион. Од таму прво објавија дека авганистански воен авион се урнал во регионот Сурксондарио, а потоа дообјасни дека авионот е урнат бидејќи се обидел да влезе во узбекистанскиот воздушен простор без дозвола. Двајца авганистански пилоти ја преживеале несреќата, но биле повредени и пренесени во болница, објавија руските медиуми. Се верува дека тие се обиделе да побегнат од Авганистан, откако престолнината на земјата беше преземена од талибанците. 

Read More

Талибанците го зазедоа Кабул, а со тоа и власта во Авганистан по пауза од 20 години. Нивниот влез во главниот град, во претседателската палата, прогласената победа и крај на војната создаде немир кај локалното население додека меѓународната заедница со внимание ги следи случувањата од терен. Уривањето на националната влада што резултрира со заминување на претседателот Ашраф Гани во Таџикистан беше причина за метеж низ улиците и хаос на аеродромот во Кабул од каде голема маса на луѓе се обидува да ја напушти земјата пред повторно инсталирање на талибанските правила на живот. Three Kabul residents who were trying to leave the…

Read More