Талибанците го зазедоа Кабул, а со тоа и власта во Авганистан по пауза од 20 години. Нивниот влез во главниот град, во претседателската палата, прогласената победа и крај на војната создаде немир кај локалното население додека меѓународната заедница со внимание ги следи случувањата од терен.

Уривањето на националната влада што резултрира со заминување на претседателот Ашраф Гани во Таџикистан беше причина за метеж низ улиците и хаос на аеродромот во Кабул од каде голема маса на луѓе се обидува да ја напушти земјата пред повторно инсталирање на талибанските правила на живот.

Комерцијалните летови се откажанив, а луѓето, сепак, не се откажуваат од намерата за заминување од родната земја. На социјалните мрежи, сепак, се појави снимка на која се гледа како човек паѓа од авион во кој се сокрил за да се евакуира од Авганистан.

Во описот на видеото е наведено дека тројца Авганистанци се сокриле покрај гумите на американскиот авион или под крилата, во обид да побегнат во странство. Меѓутоа кога авионот полета, тие не успеаја да се додржат и паднаа од него.