Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ од денеска официјално го почнува процесот за собирање на потписи за нивната независна листа за претстојните локални избори.

-Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на денешната прес-конференција. Се работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и заложбите на Зелен хуман град, велат од граѓанската иницијатива и додаваат дека потписи ќе се собираат во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром.