Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Пожарот што попладнево избувна кај скопското село Кучково е целосно изгаснат, порача градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски. – Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево избувна во село Кучково. Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија беше брзо ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета. Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа. Зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна. Апелирам да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни, напиша Наумовски…
Главниот штаб за управување со кризи од денеска ја презема целосната координација во борбата против пожарите. На седницата попладнево беше донесен и Акциски план за превенција и справување со пожарите. Како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, планот е ист по обем како минатите години кога имаше силни пожари, но засилен. – Планот се однесува на неколку цели: заштита на здравјето и животот на граѓаните, заштита на материјалните добра и животната средина, зајакнување на мерките за изолирање на опожарените подрачја, влучување на надлежните институции и обезбедување високо ниво на координација, како и координација и распределба на меѓународната помош, истакна…
Богословец во Светиниколско, каде се изгорени четири куќи, и село Лешани во Дебарца, Охридско, моментно се двете најнови жаришта. На овие места попладнево избувнале пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, местно население и припадници на Шумското стопанство. Како што соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници, засега не може да се каже точната бројка на пожарите во земјава, зашто се менува од минута во минута. Се дејствува со сите расположливи сили и ресурси, но временските услови ја усложнуваат ситуацијата и го отежнуваат пристапот. Само во Кумановско за неполн час се пријавени нови седум пожари.…
Две неподвижни лица на возраст од 80, односно 88 години од прилепското село Ракле попладнево, поради опасност од пожар, биле евакуирани од полицијата и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син. Како што соопшти МВР, луѓето биле евакуирани, откако околу 14 часот била добиена пријава во ОВР Прилеп дека во село Ракле има двајца стари неподвижни луѓе кои се во опасност поради настанат пожар. -Полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, информира Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје моментно се активни 18 пожари од кои најкритични се три – во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блаце. Како што соопштија директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници на денешната прес-конференција, за само неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветар кој го отежнува гасењето. На терен се моментно околу 300 војници од Армијата, а максимално се ангажирани и сите материјални ресурси. Според Горан Стојановски од ЦУК, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува…
Шумските предели околу главниот град не се единствени што се зафатени со пожари. Пожар во моментот има и во објектот на поранешниот хемиски гигант, ОХИС, а фотографија од пламените јазли се споделува на социјалните мрежи. 🚨 Кај Охис – Скопје pic.twitter.com/wcxeErRgr0 — EnciklopedijaMK (@EnciklopedijaMK) August 5, 2021 На терен се излезени и припадници на Министерството за внатрешни работи и пожарникарски екипи на Град Скопје. Охис гори! pic.twitter.com/b72jMUjpet — LoL (@maestroA_BK) August 5, 2021 Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), велат дека во моментов се прибираат информации за овој пожар, но попрецизни информации ќе има подоцна, бидејќи екипите се на…
Прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов за ситуацијата со пожарите во Македонија
Покрај Ракотинци, во скопско пожар и во Кучково на чии жители се заканува огнена стихија, а дополнителен проблем за нив претставува и водоснабдувањето, т.е. како што велат „немаме вода“. Тие се обратија со писмо до медиумите во кое ја анимираат јавноста за проблемот со кој се соочуваат. – Почитувани медиуми вие сте нашиот спас, ПОМАГАЈТЕ! Општината не се јавува на нашите повици. Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме! Во селото живееме само постари луѓе ако зафати тешко ќе може да се спаси нешто, се наведува во писмото.
Пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи (ЦУК). За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментот се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот. Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.
Во моментот во Македонија се активни десетина пожари. Дел од нив, можеби, се ставени под контрола и локализирани, но пламените јазли, потпомогнати од високите температури и силниот ветар, и натаму се закана за местното население, имотите и добитокот. Таква е ситуацијата во областа Пијанец, во Пехчевскиот крај, каде сиот расположлив кадар е ставен во функција на справување со огнената стихија во околината на село Црник, а пожарот се шири и во правец на селата Умлена, Чифлик и Робово. На терен, покрај локалните жители, се и припадници на Армијата, а во секој момент се очекува и поддршка од специјалната протоивпожарна единица…
Преполно комбе со патници, за кои се верува дека се илегални мигранти, се преврте во Тексас при што загинаа најмалку 10 лица, јави државната полиција. Несреќата се случила вчера попладне на околу 30 милји северно од Мекален, во Јужен Тексас, кога возилото удрило во метален столб и сообраќаен знак. – Возачот и девет патници загинаа, додека преостанатите 20 патници се пренесени во локалните болници. Некои се наоѓаат во критична состојба, изјави шефот за јавна безбедност на Тексас, Натан Брендли. Несреќата се случила на неколку милји од контролниот пункт на Граничната полиција на САД, но Брендли вели дека сведоците на несреќата…
Турција се бори со најтешките шумски пожари во својата историја, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган по проширување на огнената стихија и на термоелектрана во југозападниот дел на земјата. – Вакви пожари сме немале во нашата историја. Ова се досега најголемите, рече Ердоган во телевизиско интервју. Поради високите температури и силните ветрови, пожарите принудија илјадници Турци и странски туристи да ги напуштат своите домови и хотели на брегот на Егејското Море и на Медитеранот. Осум лица го загубија животот во пожарите од минатата недела. Авиони и десетици хеликоптери се придружија на пожарникарите кои се борат со огнот на терен, но владата…