Преполно комбе со патници, за кои се верува дека се илегални мигранти, се преврте во Тексас при што загинаа најмалку 10 лица, јави државната полиција. Несреќата се случила вчера попладне на околу 30 милји северно од Мекален, во Јужен Тексас, кога возилото удрило во метален столб и сообраќаен знак.

– Возачот и девет патници загинаа, додека преостанатите 20 патници се пренесени во локалните болници. Некои се наоѓаат во критична состојба, изјави шефот за јавна безбедност на Тексас, Натан Брендли.

Несреќата се случила на неколку милји од контролниот пункт на Граничната полиција на САД, но Брендли вели дека сведоците на несреќата не виделе дека во тек е потера по комбето.

– Преживеаните се здобија со сериозни повреди, а патниците се чини дека се мигранти, додаде тој.

Според медиумите, во комбето имало 29 илегални мигранти, без документи.