Author: Sashko

Србија ни испрати четири хеликоптери за гасење на пожарите, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својата фејсбук-страница. – Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ кои ни испратија и четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сè што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата, напиша Спасовски. Спасовски се заблагодари на Србија која, како што рече, повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи ни рака…

Read More

Зградата на Пентагон е затворена, а персоналот доби забрана за излегување поради пукотниците што одекнаа на автобуска платформа пред објектот. Официјални лица истакнаа дека неколку лица се ранети, како и дека полицијата трага по напаѓачот кој сè уште е активен. Некои медиуми објавија дека меѓу повредените има и еден полицаец. Агенцијата АП, повикувајќи се на неименувани извори, наведе дека најмалку едно лице е повредено и неговата здравствена состојба е непозната. Како што е соопштено од Пентагон, пукотницата се случила на автобуска станица пред главниот влез во зградата што сејкојдневно го користат илјадници вработени. Зградата во моментот е затворена поради „полициска…

Read More

Бразил и Шпанија ќе играат во финалето на олимпискиот фудбалски турнир во Токио. По победата на „кариоките“ над Мексико на пенали во првиот полуфинален меч, „фуријата“ ја елиминира Јапонија по продолженија со 1:0 со погодокот на Марко Асенсио во 115 минута. Натпреварот во основните 90 минути заврши 0:0. Финалето е закажано во сабота со почеток во 13:30 часот по средноевропско време.

Read More

Пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин Богородица, не ја загрозува сообраќајната фреквенција на граничниот премин која се одвива нормално и без прекин, соопштија од граничната дежурна служба. Состојбата со сообраќајната фреквенција е секогаш порелаксирана во попладневните часови поради помалата гужва, така што нема поголеми задржувања од петнасетина минути. Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро. Доколку не се случи промена на правецот на ветрот, нема да бидат загрозени граничната караула на АРМ, казиното „Фламинго“,…

Read More

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола. На одделни места во близина на селото Тркање од рано изутринава сè уште се забележува чад од огнот што зафати шумски појас и нискостеблеста вегетација во пречник од десетина километри. Околу 500 припадници на територијалните противпожарни единици од повеќе градови во државата, од Армијата и месно население ноќеска учествуваа во гаснењето на огнената стихија. Во изминатото деноноќие таа сериозно ги загрози населбите на западната страна од градот, поголем број производствени капацитети во зоната Лесна индустрија, склад со течни горива и гас, како и земјоделски површини со лозови…

Read More

Припадници на Вториот баталјон од касарната „Јане Сандански“ од Штип од рано утрото се активно вклучени во гасење на пожарот во близина на шумскиот појас помеѓу општините Делчево и Пехчево кај селото Пасјак. Кире Цоневски, соработник за превенција заштита и спасување при Општинa Делчево, информираше дека покрај армијата и екипи на Територијалните противпожарни единици од регионот, во интервенцијата се вклучени и делчевските Просторни сили. – Во моментот се одвиваат активности за локализирање на пожарот кај Пасјак. Зафатена е поголема површина, припадници на армијата се наоѓаат на терен, заедно со противпожарната единица од Делчево и М. Каменица, Јавното комунално претпријатие и…

Read More

Пораки за обединување беа упатени вчера од прославите во Скопје, во Пелинце и во Крушево по повод одбележувањето на 2 август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската Република во 1903 година, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Прославата беше засенета од повеќето пожари кои попладнето избувнаа на неколку локации во земјава, а особено од пожарот во Кочани кој се приближи до населбите во градот и оштети неколку куќи. Гасењето на огнот во кое се вклучија противпожарни единици од повеќе градови од…

Read More

Пожарот кај Кокино е ставен под контрола, но противпожарните служби од Старо Нагоричане утрово информираат дека нивни екипи се упатуваат кон непрооден пат на уште три жаришта во месноста „Кокински Дол“ каде не може да се интервенира со возила, ниту пак има пристап со лесни возила. – Во моментот наши екипи и припадници на Армијата се упатуваат кон овие три жаришта. Цела ноќ, екипите беа на терен. Делумно е локализиран пожарот, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски. Екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, од Скопје, од Ранковце, припадници на шумското стопанство, припадници на Армијата…

Read More

Од Територијалната противпожарна едница-Кочани информираат дека се прави обиколка на терен пред да се ангажираат хеликоптерите за гасење на пожарот кој вчера попладне избувна во Кочани. – Пожарот сè уште e активен. Голема е веројатноста дека ќе се поврзе со опожарените места кај селата Бања и Тркање. Таму имаше пожар пред неколку дена, велат од Територијалната противпожарна едница-Кочани.

Read More

Пожарот во Ранковце е локализиран и ставен под контрола, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук. – Оттаму заедно со вицепремиерот Николовски и со македонската полиција се упатив кон Старо Нагоричане кадешто има активни пожари. Во текот на ноќта будно ќе ја следиме состојбата, државата ги мобилизира сите свои сили со кои располага за ставање на состојбата под контрола и целосно гасење на пожарите, наведе Спасовски. Тој воедно изрази голема благодарност до граѓаните, пожарникарите, полицајците, ЈП „Национални шуми“ и градоначалниците на Ранковце, Крива Паланка, Пробиштип и Старо Нагоричане, кои помогнаа во справувањето со состојбата. – Апелирам до сите…

Read More

Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило. Десетина лица се обратиле за лекарска помош во кочанската болница поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени. Пожарот, поради ветарот, се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол“ и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија. Екипи на Територијалната противпожарна единица…

Read More

Девет лица се потешко повредени, а десет полесно при превртување на автобусот што сообраќал на релација Белград – Стокхолм на автопатот А13 во Германија. Несреќата се случи претпладнево, околу 10 часот, во близина на гратчето Шенвалд во Бранденбург. Во спасувачката акција се вклучени шест хеликоптери и над 60 возила нма Итната медицинска помош. Во возилото со 34 седишта имало 19 лица од кои 17 патници и двајцата возачи на возраст од 21 до 64 години. Портпаролот на германската полиција, Ралф Маер соопшти дека двајца германски државјани се потешко повредени во несреќата, додека идентитетот на останатите е непознат. Според надлежните, сите…

Read More