Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Армијата се вклучи во гасење на пожарот кај Пасјак во делчевско-пехчевскиот појас

0
By Sashko on August 3, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 3, 2021 08:23

Припадници на Вториот баталјон од касарната „Јане Сандански“ од Штип од рано утрото се активно вклучени во гасење на пожарот во близина на шумскиот појас помеѓу општините Делчево и Пехчево кај селото Пасјак. Кире Цоневски, соработник за превенција заштита и спасување при Општинa Делчево, информираше дека покрај армијата и екипи на Територијалните противпожарни единици од регионот, во интервенцијата се вклучени и делчевските Просторни сили.

– Во моментот се одвиваат активности за локализирање на пожарот кај Пасјак. Зафатена е поголема површина, припадници на армијата се наоѓаат на терен, заедно со противпожарната единица од Делчево и М. Каменица, Јавното комунално претпријатие и просторните сили во Делчево. Доколку има потреба од воздухоплови, испратено е барање до Дирекцијата за заштита и спасување и армијата и тие ќе дејствуваат согласно законски пропишаните мерки, информриа Цоневски.

Тој ја потврди информацијата дека синоќа во координација со делчевскиот градоначалник и Итната помош е извршена евакуација на немоќното население од селото Пасјак.

– Со нив е се во ред, тие со возило на Брзата помош се пренесени кај свои роднини и пријатели во Делчево, додаде Цоневски.

По пристигнувањето на армијата во селото е помирно, велат жителите.

– Во пожарот изгоре паша за стоката, армијата пристигна во 4:30 часот и сме благодарни што помагаат и што од Шумско стопанство „Голак“ пуштија една машина „теге“ да се оспособат патиштата. Пожарот е активен, најверојатно станува збор за големо пространство, сигурно е во радиус од околу пет километри, вели Љупчо Пановски, жител на селото.

Според Иван Митковски од село Пасјак, зафатена е цела Средна планина, гори борова шума и смрека, точна површина не се знае, но според него зафатена е поголема површина.

– Малку е смирено не е баш како што беше, луѓето што се неподвижни ги пренесоа во Делчево, овде е војската, тука се луѓето да гасат, така што моментно е мирно, вели Благој Николов.

Пожарот во Пасјак избувна вчера околу пладне, а поради ветрот неконтролирано се ширеше на повеќе места. Според дел од припадниците на граничната полиција кои исто така се  на терен пожарот има зафатено делови од шумата во близина на врвот Бејаз Тепе кај селото Разловци.

АРМ Делчево Македонија Пехчево пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.