Бразил и Шпанија ќе играат во финалето на олимпискиот фудбалски турнир во Токио.

По победата на „кариоките“ над Мексико на пенали во првиот полуфинален меч, „фуријата“ ја елиминира Јапонија по продолженија со 1:0 со погодокот на Марко Асенсио во 115 минута. Натпреварот во основните 90 минути заврши 0:0.

Финалето е закажано во сабота со почеток во 13:30 часот по средноевропско време.