Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Се движиме во погрешна насока, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи и изрази загриженост бидејќи САД непотребно се најдоа во ситуација на зголемен број на нови случаи на инфекции со ковид-19 поради невакцинирани лица и ширење на многу заразниот Делта сој. Фаучи потврди дека владините службеници „активно ја разгледуваат“ препораката за вакцинираните лица да носат заштитни маски и лицата со намален имунитет да бидат повторно вакцинирани. – Оваа ситуација со зголемување на бројот на новозаразени главно се одразува на невакцинираните, па затоа бараме тие да дојдат и да се вакцинираат, рече Фаучи. Главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден за…
Извештај на експертска комисија што беше презентиран пред турскиот Парламент, околу мерките што треба да се преземат со цел да се минимизираат последиците од евентуален силен земјотрес, предупредува на опасност од цунами во Турција, јави турската приватна телевизија „Си-Ен-Ен-Турк“. Во извештајот на повеќе од 500 страници се наведува „јасна опасност од цунами“ во земјата чии брегови на Егејското, на Средоземното и на Мраморното Море се густо населени и се забележува голема сеизмичка активност, пишува весникот „Милиет“. Според документот, првиот удар при евентуално цунами нема да предизвика штета, но ќе го следат други кои ќе бидат уништувачки. Во извештајот се тврди…
Лондон го погоди невреме проследено со пороен дожд и грмотевици што предизвика поплави во делови на главниот град на Велика Британија, поради што беа затворени осум метро станици, а две болници се обратија до пациентите да не ги користат нивните ургентни центри. https://www.youtube.com/watch?v=QtVldrK86W4 Поплавените болници „Випс Крос“ и „Њухем“ вчера побараа од пациентите да одат во други болници, доколку е можно, се додека не ги решат „оперативните проблеми“ предизвикани од поплавата. Пожарникарите соопштија дека добиле околу 300 повици, главно од населени места каде се поплавени подруми, јави „Би-Би-Си“. Голем број улици во главниот град се затворени, вклучувајќи ги тунелот Блеквол,…
Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“. На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април во 2017 година, а адвокатите побараа ослободителни пресуди. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Кривичниот совет за…
Граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да примат вакцина против ковид-19 на вакцинален пункт, од денеска може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација, соопшти Министерството за здравство. Граѓаните може да се јавуваат за вакцинација со домашна посета на броевите: Здравствен дом Берово – 077 865 827 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен Дом Битола – 075 263 886 закажување од 17 до 18 часот; Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот; Здравствен…
Во Косово денешниот ден е прогласен за ден на жалост во чест на десетте жртви во вчерашната сообраќајна несреќа во Хрватска, кога автобус слета од патот и во која повредени се 44 лица. Несреќата се случи во близина на Славонски Брод што беше причина за претседателката Вјоса Османи да ја прекине официјалната посета и да се врати во земјата. Хрватската полиција отвори истрага за причините за несреќата, иако возачот на автобусот на „Дева Турс“ од Ѓаковица, кој сообраќал на релација Франфурт – Приштина, е уапсен, откако признал дека задремал за момент над воланот
Под мотото „За Скопје со љубов, дарувај крв – биди хуман“, Црвен крст на град Скопје денеска традиционално организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во главниот град. Крводарителската акција, која е организирана со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, ќе се реалаизира од 9 до 17 часот во Дневниот центар за дарување крв, лоциран во ДХО „Даре Џамбаз“. – На денот на солидарноста, кога Скопје се сеќава за значењето на истата, ги покануваме граѓаните да бидат дел од крводарителска акција и да ја изразат својата солидарност преку чинот на дарување крв, стои во соопштението од Црвениот крст, од каде дополнуваат дека крводарувањето е…
Со репрограмирање на каматната стапка од 3,975 отсто за еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата еврообврзница, годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на својот Фејсбук. „Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Со репрограм на каматната стапка од 3,975 птсто за Еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од…
Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина им предложи на Центарот и советодавните тела на УНЕСКО да дадат рок од дополнителни две години на Северна Македонија и на Албанија за постапување по препораките и да се избегне поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност. На 44-та годишна Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура што се одржува денеска во кинескиот град Фуџоу, Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина достави амандман за бришење на одредбите од Нацрт-одлуката што значеа поместување на регионот на листата…
Поразлични од сите досегашни поради пандемијата на коронавирус, денеска во јапонската престолнина Токио свечено беа отворени 32-те летни Олимписки игри, чие мото е „Побрзо, повисоко, посилно – Заедно“, на кои ќе настапат и осум македонски спортисти. Свеченоста почна со огномет на Олимпискиот стадион и продолжи со оддавање почит на жртвите од пандемијата на ковид-19 што беше причина за одложување на Игрите за една година, како и за жртвите на терористичкиот напад за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година. Игрите за отворени ги прогласи јапонскиот цар Нурихито, во чија улога беше и неговиот дедо Хирохито на церемонијата на отворањето…
Процентот на имплементација на препораките е на ниско ниво, односно не се забележува нивно целосно спроведување, но затоа се забележува пораст на преземени активности од институциите за намалување на ризиците од корупција за што, сепак, е потребно подого време. Препораките од Извештајот се земаат во предвид при изготвување на документи за политики и акциски планови на извршната власт со надлежност во оваа сфера, како што е Планот за борба против корупција – „Акција 21“ и антикорупциската програма Акциски план следни чекори изготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Ова го посочуваат резултатите од третиот тримесечен Извештај од мониторингот…
Новата влада, утврдена од Парламентот во август во 2020 година, презема мерки за подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија. Министрите без портфолио кои претходно ја споделуваа одговорноста за привлекување на странски директни инвестиции беа отпуштени и сега ова е координарано од канцеларијата на заменик министерот за економија, така што процесот е поедноставен. Во напорите да се справи со корупцијата, државната Комисија за спречување корупција започна голем број на истраги, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со високи официјaлни лица. Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година објавен денеска од американскиот Стејт…