Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рок од УНЕСКО: Исполнете ги препораките до 2023 година за Охрид да не оди „во опасност“

0
By Sashko on July 23, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 18:05

Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина им предложи на Центарот и советодавните тела на УНЕСКО да дадат рок од дополнителни две години на Северна Македонија и на Албанија за постапување по препораките и да се избегне поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност.

На 44-та годишна Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура што се одржува денеска во кинескиот град Фуџоу, Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина достави амандман за бришење на одредбите од Нацрт-одлуката што значеа поместување на регионот на листата загрозени богатства од универзална вредност.

Босна и Херцеговина својот предлог го образложи со потребата да се охрабрат Северна Македонија и Албанија во напорите да ги исполнат препораките од претходните извештаи, да се поддржат, а не демотивираат заедничките активности што ги спроведуваат за справување со предизвиците.

– Охридскиот регион опфаќа голема територија, што бара големи напори за негова заштита што е компликуван процес. Сметаме дека изминатите две години е забележан напредок во исполнување на препораките, а подобрена е соработката и на двете дражви во сите сфери. Обесхрабрувачки би било во овој миг да се стави регионот на листата на светски наследства во опасност. Наместо тоа, потребна им е поддршка, беше посочено од Националната комисија за соработка со УНЕСКО на БиХ.

Предлогот за измена на амандманите на одлуката на БиХ беше поддржан од Русија, од Унгарија, од Саудиска Арабија, од Кина и од Гватемала. За поместување на Охридскиот регион на листата светски богатства во опасност се изјаснија националните комисии на УНЕСКО на Норвешка, Бахреин, Австралија, кои сметаат дека тоа дополнително ќе ги мотивира во напорите за спроведување интегрирани мерки и активности за елиминирање на регистрираните закани.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, посочи дека Северна Македонија во изминатите две години демонстрирала истрајност и подготвеност да ги интензивира напорите за исполнување на препораките и забелешките на УНЕСКО. Таа во кусoто обраќање пред учесниците на состанокот побара продолжување на роковите како би се овозможило натамошно делување и исполнување на обврските и во сите сфери за дополнителна заштита на светското културно и природно богатство за генерациите.

– Северна Македонија останува доследна во решеноста да го задржи статусот на Охридскиот регион, преку обезбедување на негова соодветна заштита и одржлив развој. Изминатите две години ги интензивиравме напорите за исполнување на препораките на Комитетот, рече таа притоа посочувајќи некои од спроведените активности како усвојување на Планот за управување со Охридскиот регион, првата фаза од рехабилитација на Колекторскиот систем за заштита на езерото, напуштање на претходните планови за железничката пруга кон Албанија, процесот на отстранување на дивоградбите од крајбрежјето, прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата.

Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство) и ИКОМОС (за културно наследство) во ревидираните одлуки посочуваат дека изминатите години се исполнети дел од препораките содржани во извештаите на последователните реактивните мисии, некои делумно или недоволно спроведени додека голем број од нив воопшто и не биле адресирани.

Процесите на деградација регистрирани во Охридскиот регион, како што беше истакнато, се последица на кумулативно влијание предизвикано од несоодветни активности на терен, во отсуство на соодветна заштита и конзервација на доброто, така што за да се направи пресврт во дегенеративните процеси ќе биде потребно многу напор и време. Непосредните активности спроведени во одредени области се поздравени, но истите се оценети како недоволни и се посочени како почеток на многу подолг процес на интегрирани и стратешки постапки и мерки што допрва треба да се дефинираат.

Најголема загриженост Комитетот искажува по однос забелешките од Заедничката мониторинг мисија од 2020 година, а кои укажуваат на недоволно спроведени активности за запирање на бавната, но континуирана ерозија на атрибутите што го детерминираат регионот како Светско културно и природно богатство. Најмногу забелешки има по однос интервенции пред се во старите градски јадра, но и во нивна околина, предизвикана од несоодветна конзервација, реконструкција и развој. Голема загриженост е изразена од Светската организација по однос изградбатана  висококатници на крајбрежјето, за слабата архитектонска контрола на новоградбите во градските јадра, како и несоодветна и прекумерна искористеност на крајбрежјето со несоодветна туристичка инфраструктура.

На Сесијата во Кина меѓу останатото беа поздравени активностите што ги спровеле институциите на Македонија и на Албанија во насока на отпочнување на процесите за исполнување на препораките на Комитетот, особено креирање институционални структури на управување, потоа се поздравува привремената забрана на издавање градежни дозволи на македонска страна, процесот на уривање и остранување на нелегални објекти на крајбрежјето, како и формирањето Прекуграничен комитет за управување со регионот.

Како позитивни процеси поздравени се и процесот на прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Студијата за ревалоризација на регионот, процесот на прогласување на Студенчишкото Блато за Парк на природата, со забелешка за потребата од нивно доследно спроведување во развојните процеси во иднина, со соодветна грижа во управувањето со доброто.

Загриженост се искажува и по однос недоволно утврдените приоритети во развојните политики, спротивставени ставови, недоволна вклученост на граѓанските сектор во деонесувањето одлуки и мерки, што сето во комбинација резултира со фрагментиран и несоодветен систем на управување со светското наследство.

Во одлуките се поттикнуваат двете држави да разработат детален стратешки план за обновување, со соодветен акциски план што би се реализирал етапно, но според јасно дефинирани и утврдени краткорочни и долгорочни цели за ублажување на постојните закани. Истовремено се инсистира планот да биде базиран врз препораките на Мониторинг мисијата од 2020 година, со сеопфатна прекугранична политичка и институционална рамка за решавање на сериозните и повеќеслојни закани и предизвици со кои се соочува Охридскиот регион. Планот со спроведените мерки во меѓувреме да биде доставен до Центарот за светско наследство до 1 февруари наредната година.

Истовремено се бара од Северна Македонија и Албанија до 1 февруари во 2023 година пред Центарот за светско наследство да достават ажуриран заеднички извештај за состојбата на регионот, вклучително и извештај за постигнатиот напредок во спроведувањето на горепосочените забелешки, од што би произлегле натамошните активности и евентуално поместување на регионот на Листата светски наследства во опасност.

Босна и Херцеговина и Норвешка се задолжени да формираат заедничка група што ќе го следи процесот на исполнување на препораките и за тоа да ги информира Секретаријатот и Комитетот за Светско наследство.

Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари.

имплементација Македонија Охрид препораки рок Статус Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.