Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Владата продложува со мерките за подобрување на бизнис климата

0
By Sashko on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: politico.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 16:47

Новата влада, утврдена од Парламентот во август во 2020 година, презема мерки за подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија. Министрите без портфолио кои претходно ја споделуваа одговорноста за привлекување на странски директни инвестиции беа отпуштени и сега ова е координарано од канцеларијата на заменик министерот за економија, така што процесот е поедноставен. Во напорите да се справи со корупцијата, државната Комисија за спречување корупција започна голем број на истраги, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со високи официјaлни лица.

Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година објавен денеска од американскиот Стејт департмент. Оттаму посочуваат на неколку перспективни области кои инвеститорите треба да ги набљудуваат во 2021 година.

– Амбасадата во 2020 годин детектираше дека информациско-комуникациските технологии е област во развој и зрела за американски инвестиции, бидејќи Владата неодамна се фокусираше за обезбедување на подобра клима за технолошки развој. Географската положба е предност ако компаниите разгледуваат можност за блиско отворање на производство (near-shoring), со што нивните производи се достапни за конзумација многу поблиску до Европа. Ова е посебно важно по намаленото производство во светот во 2020 поради пандемијата, се вели во изештајот.

Се укажува дека пандемијата на ковид-19 изврши силен удар врз економијата на земјата и нејзината способност да прифати странски инвестиции.

– Иако завршија напори на Владата за пренасочување на производството за најпотребни стоки и да ги контролира цените од почетокот на пандемијата, ограничувањата на движењето на луѓето и значајното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги намалија услугите за отварање бизнис, се наведува во извештајот.

Се додава дека пандемијата остро го запрела растот на БДП, од зголемените 3,9 отсто во 2019 година до намалување од 4,5 отсто во 2020 година, „иако во март Владата прогнозираше раст на БДП од 4,1 отсто“.

– Вирусот најверојатно, иако засега е непознато, може да има долгорочно влијание на економијата во текот на 2021 година и потоа, се наведува во извештајот.

Сепак, извештајот посочува дека целокупната регулаторна рамка на земјата останува сложена и честите регулаторни или законски измени, заедно со неконзистентното толкување на правилата, создаваат непредвидлива бизнис клима подложна на корупција.

– Иако правната рамка за инвестирање во Северна Македонија во голема мерка е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните, проблем е корупцијата, се додава во извештајот.

Стејт департментот истакнува дека Северна Македонија, која е апсирант за влез во Европската Унија (ЕУ) и земјата членка на НАТО од 2020 година, продолжува да биде приемчива на комерцијалните инвестиции од САД. Привлекувањето на СДИ, се посочува во извештајот, е еден од главните столбови на Владата за економски раст и создавање на работни места, иако пандемијата ги спречи владините претставници за лични средби со потенцијалните инвеститори во 2020 година.

Се вели дека нема дискриминаторски закони или практики кон странските инвеститори.

– Владата во 2018 година усвои „План за економски развој“, кој обезбедува доволно иницијативи за странските компании кои работат во 15 слободни економски зони познати и како Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), се додава во извештајот.

Се посочува и дека Извештајот за деловно работење на Светска банка во 2020 година ја рангира Северна Македонија на 17-то место во светот за водење бизнис, со пад од седум места споредено со претходната година. Агенцијата „Фич“ го намали претходниот кредитен рејтинг на Северна Македонија од BB+ со стабилна перспектива во BB+ со негативна перспектива, а „Стандард и Пурс“ го потврди својот кредитен рејтинг на BB- со стабилна перспектива. Крупните странски компании ангажирани во ТИРЗ генерално известуваат за позитивни инвестицикси искуства и одржуваат добри односи со владините преставници, велат од Стејт департментот.

Се наведува дека Северна Македонија нема „едношалтерски систем“ за СДИ и затоа инвеститорите се принудени да се насочуваат низ неколку бирократси институции за да ги реализираат нивните инвестиции.

Сепак „Владата оддржува контакти со крупните странски инвеститори преку чести средби и формални анкети за добивање повратна информации. Крупните инвеститори имаат директен пристап до владините лидери, кои можат да ги контактираат за помош во разрешување на проблеми. Советот за странски инвестиции ги застапува странските инвеститори и советува како да се подобри бизнис климата.

Бизнис клима Влада Извештај инвестиции Македонија мерки Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.