Author: Sashko

Од Владата до Собранието попладнево се одржа протестен марш на коалицијата „Менуваме“ на кој учесниците изразија револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Време е, истакнаа тие, да бидеме прифатени онакви какви сме, различни, но еднакви. – Дел од од нашите барања се Владата на Република Северна Македонија да го покачи додатокот за попреченост што ни следува од 7.100 денари на 12.000 денари и во следните две години истиот да ја достигне минималната плата во државата. Бараме израмнување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистентите на лицата со…

Read More

Неколку десетици жители на скопската населба Железара попладнево со блокада на улицата „Коце Металец“ го продолжија неколкудневниот протест со кој бараат надлежните органи да преземат мерки за ограничување на брзината на движење по оваа улица која ја поврзува Автокоманда со Бутел. Директен повод за протестот е минатонеделната сообраќајна незгода при која возило „Ауди А5“, движејќи се со голема брзина, удри во 45-годишна жена пешак, која им подлегна на здобиените повреди. Организаторите на протестот порачуваат дека нема да дозволат ова да остане уште еден заборавен случај и уште еден згаснат живот и нагласуваат дека е крајно време е да се стави…

Read More

Тоширо Муто, генерален секретар на Организациониот комитет „Токио 2020“, зборуваше за трошоците на Јапонија, земјата домаќин на Олимписките игри. – Вкупните трошоци за организација на Олимписките игри, кои беа на товар на владата на Јапонија и властите на Токио, изнесуваат 15,4 милијарди долари, рече Муто за време на 138. сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Муто истакна дека буџетот за Игрите е ревидиран по одложувањето на една година. Дополнителни 900 милиони долари беа потрошени за создавање безбедна средина за турнирот. Олимписките игри во Токио ќе почнат во петок (23 јули) и ќе траат до 8 август и во нив ќе…

Read More

Согласно податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај годинава изнесува 28.721 денари, што претставува зголемување за 8,8 отсто во однос на истиот месец лани или за 2.331 денари за една година, соопшти владината прес-служба, посочувајќи дека ова е показател за континуираниот раст на просечната исплатена нето плата во државата. Според ДЗС, ваквиот раст се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 29 проценти, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 28,7 отсто и други услужни дејности…

Read More

Десетици јавни личности од државава ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“. Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија. https://www.youtube.com/watch?v=sdX8uORMDgQ Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, професор д-р Никола Пановски, тренерот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски- Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно…

Read More

Во Белгија денеска е прогласен Ден на жалост во сеќавање на жртвите од поплавите од минатата недела. Досегашниот биланс од невремето што го зафати истокот и југот на земјата е 31 загинато лице. Точно на пладне сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, ќе има едноминутен молк во целата држава, додека сите сирени на спасувачките служби ќе бидат вклучени. Седумдесет лица сè уште се водат за исчезнати и по нив и натаму се трага, а многу куќи се целосно уништени. Кралот Филип Втори, премиерот Де Кро и неколку министри ќе посетат дел од најпогодените места, ќе се сретнат со…

Read More

Амбасадата на Израел и Проектот ХОПЕ денеска ќе донираат два апарата за неинвазивна проверка на билирубин кај новороденчиња на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Апаратите за проверка на билирубин кај новороденчиња имаат низок ризик од инфекции, траума и болка при мерење на нивото на билирубин. Исто така, резултатите од испитувања се достапни за неколку минути што овозможува и брз третман на жолтица кај бебињата. Донацијата е дел од Проектот ПериМак, а во специјалната болница ќе ја предадат амбасадорот на Државата Израел во земјава Дан Ориан и претставниците на Проектот ХОПЕ, Влатко Ужевски и Емилија Дуковски.…

Read More

Во САД е изречена првата затворска казна за учество во немирите во Конгресот на САД, на 6 јануари годинава, пренесува агенцијата „Анадолија“. Пол Хоџкинс (38) пред судот изјавил дека жали поради направените кривични дела „нанесување штета на зградата на Конгресот“ и „нарушување на функционирањето на членовите на Конгресот“.Откако се изјасни за виновен и изрази жалење за тоа, Судот одлучи да му ја намали затворската казна од 18 месеци, побарана од обвинителите, по што го осуди на осум месеци затвор. Изречената казна за Хоџкинс од Флорида може да претставува преседан за приближно 230 приврзаници на Трамп кои беа во притвор за…

Read More

По откритието за софтверот „Пегаз“, со кој се шпионирале илјадници луѓе низ целиот свет, веќе два дена не стивнуваат ниту реакции, ниту објавувања нови детали и информации околу аферата. Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви кои потенцијално биле следени со „Пегаз“, моќен израелски шпионски софтвер, кој го купувале влади на десетина држави. На листата се наоѓаат шеф на една европска држава и двајца шефови на влади, мажи и жени на највисоки позиции на власт во поранешна советска република, десетици опозициски пратеници од една африканска земја, принцови и принцези,…

Read More

Нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна, е оценка од последниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести, која констатирала лесно зголемување на нови ковид случаи во Скопје и во Тетово Според анализите на Комисијата, ширењето на вирусот во Тетово е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни и друг тип веселби во затворен простор. – И покрај бројот на активни случаи и позитивни лица на ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле…

Read More

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект на Друштвото за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино. – Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициски проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија“ и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестициски проект, соопшти владината прес-служба. Владата синоќа ги утврди и измените…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен, а максималната од 26 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7. Според најавата на УХМР, променливо облачно со сончеви периоди ќе биде и во Скопје, со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени. Од утре…

Read More