Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пегаз“ – најновата закана за демократијата во светот

0
By Sashko on July 20, 2021 СВЕТ
Фото: theprint.in
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 20, 2021 08:16

По откритието за софтверот „Пегаз“, со кој се шпионирале илјадници луѓе низ целиот свет, веќе два дена не стивнуваат ниту реакции, ниту објавувања нови детали и информации околу аферата. Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви кои потенцијално биле следени со „Пегаз“, моќен израелски шпионски софтвер, кој го купувале влади на десетина држави.

На листата се наоѓаат шеф на една европска држава и двајца шефови на влади, мажи и жени на највисоки позиции на власт во поранешна советска република, десетици опозициски пратеници од една африканска земја, принцови и принцези, деловни лидери, неколку милијардери, амбасадори, генерали. Меѓу следените се и стотици новинари, адвокати, активисти за човекови права, итн.

Илјадниците следени лица ширум светот биле шпионирани од влади на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. Истрагата на „Гардијан“, на „Вашингтон пост“, на „Ле Монд“ и 16 други медиуми откри дека шпионскиот софтвер „Пегаз“ на НСО Груп може да ја вклучи камерата или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без знаење на сопственикот.

„Пегаз“ може да се инсталира од далечина без да треба да се наведува корисникот да го преземе, а откако ќе се вклучи, телефонот ефикасно се шпионира. Може да обезбеди пристап до апликации како што се WhatsApp, Telegram и Signal, е-пошта, текстуални пораки, GPS податоци и списокот со контакти на телефонот. „Пегаз“ им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.

Корисници на софтверот биле репресивни режими, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Азербејџан.

Извоз во согласност со законите на Бугарија, Израел и Кипар

Креаторите на скандалозниот софтвер, НСО Груп вчера соопштија дека ја извезувале програмата според извозните правила на Бугарија, Израел и Кипар.

– НСО Груп сериозно ги сфаќа етичките размислувања, регулирана е од режимите за контрола на извозот на Израел, Кипар и Бугарија и се продава само на проверени владини клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Кипарскиот огранок на компанијата беше затворен во август минатата година. НСО Груп ова го објасни со преструктуирање на бизнисот. Поранешни нејзини вработени од Кипар велат дека таа има уште една база којашто се наоѓа во Бугарија.

Во мај 2019 година, невладината организација „Пристап сега“ (Access Now) ги предупреди властите во Бугарија и Кипар, повикувајќи ги да обрнат внимание на извозот на компанијата поради злоупотреба на технологијата на НСО Груп.

Осуди од сите страни

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен изјави дека е апсолутно неприфатливо властите или тајните служби да го користат израелскиот софтвер „Пегаз“ за шпионирање новинари или активисти на невладини организации.

– Проверуваме дали се случило тоа, но ако е точно тогаш е апсолутно неприфатливо и спротивно е на сите правила. Во Европската Унија имаме слобода на медиумите и слобода на говор, и тоа е еден од столбовите на Унијата, истакна Фон дер Лајен на прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Претседателката на ЕК реагираше на медиумските објави за скандалот во кои се вмешани некои влади и разузнавачки служби, меѓу нив и од ЕУ, конкретно спомнувајќи ја Унгарија. Официјална Будимпешта демантираше дека го користела „Пегаз“ за шпионажа.

За поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, аферата „Пегаз“ е „настан на годината“.

– Владите мора да воведат глобален мораториум на трговијата со меѓународен шпионски софтвер или да се соочат со свет во кој ниту еден мобилен телефон не е безбеден од државно спонзорирани хакери, изјави Сноуден за „Гардијан“ по откритијата за клиентите на НСО Груп.

Шпионирањето го осуди и портпаролот на француската влада Габриел Атал, кој рече дека фактите се „крајно шокантни“ и „доколку се докаже дека се точни, тие се крајно сериозни“.

Во Франција, порталот на независни медиуми „Медиапарт“ поднесе тужба во Париз затоа што меѓу десетте илјади броеви што ги следеле мароканските тајни служби биле и мобилните телефони на негови вработени, а тужба најави и сатиричниот неделник „Окованиот патор“ (Le Canard Enchaîné).

– Ќе поднесеме тужба, рече Мишел Гајард, извршен директор на Le Canard Enchaîné.

Германскиот сојуз на новинари побара објаснувања и контрамерки, јави германската новинска агенција ДПА. Претседателот на германското здружение на новинари, Френк Уберал, го нарече „невиден скандал со прислушување“, а претседателката на Германскиот новинарски сојуз Моник Хофман, бара ограничувања за извозот на технологијата за надзор.

– Авторитарните држави го користат „Пегаз“ за да ги замолчат гласовите на критика и спротивставување, предупреди Хофман.

Унгарската опозициска Демократска коалиција (ДК) побара од Владата писмен одговор на извештајот дека шпионскиот софтвер „Пегаз“ бил користен во Унгарија за да собере информации за опозициски политичари и новинари.

– Сакаме да знаеме кого власта незаконски прислушувала, рече Агнес Вадаи од ДК. Таа додаде дека софтверот е достапен само за владите бидејќи неговата продажба е одобрена од израелското Министерство за одбрана.

Јанош Халаш, заменик на парламентарниот комитет за безбедност, како пратеник на владејачката партија Фидес, рече дека „извештаите за прислушувањето објавени во левичарските медиуми се неосновани и имаат за цел сеење политички немири“.

Пегаз Свет скандал софтвер Шпионажа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.