Author: Sashko

Министерството за внатрешни работи (МВР) за утре најави посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протестен марш во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“. – Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе започне во 18 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието на Република Северна Македонија. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14:30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а…

Read More

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. – Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни во 2021 година ќе се врши во текот на месец август во 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците, укажуваат од УЈП. Ажурирањето, посочуваат од УЈП, се врши во самата апликација „МојДДВ“. -…

Read More

Земјотрес со интензитет од два-три степени според Европската макросеизмичка скала, на 160 километри југозападно од Скопје и со епицентар во Албанија, е регистриран ноќеска во дваесетина минути по полноќ, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, во Валандово, во Охрид, во Штип и во Пехчево, во 00:21 часот регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 и е почувствуван од населението…

Read More

Вечерва продолжува музичката програма на „Охридско лето“ со концерт на домашните уметници, Стојан Димов на кларинет и Дино Имери на пијано. Стојан Димов завршува основно и средно образование во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975 до 1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб  (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980 година до 1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член на „Биг Бенд“ на МРТ,  а од 2002 година е постојан член на групата на Горан Бреговиќ. Низ…

Read More

Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД. Министерството за здравство на државата Тексас и ЦДЦ соопштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници. Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација – Далас. Прво летал од Нигерија до Атланта, а потоа од Атланта до Далас, јави весникот „Хил“. Лицето било хоспитализирано во Далас, а официјални лица се обидуваат да стигнат до луѓето кои биле во контакт со заразеното лице за време на летовите. „Мајмунската сипаница е ретка, но потенцијално многу опасна вирусна…

Read More

Од утре до 28 јули во Трпејца ќе се одржи десеттото културно-забавно лето „На зајдисонце“. Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Охрид, а веќе втора година е поддржана од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десетгодишнината ќе биде прикажан и видео-материјал под наслов „Ние на зајдисонце“.  Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“. Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах, проф. д- р Теон Џинго, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе…

Read More

Јапонците им посакаа топло добредојде на македонските олимпијци и успешен настап на Игрите што официјално ќе бидат отворени во Токио на 23 јули. Првата група на македонски олимпијци пристигна во земјата на изгрејсонцето и ќе биде сместена во Чигасаки, град со околу 250.000 жители оддалечен 50 километри јужно од престолнината Токио. – Се надевам дека ќе го продолжиме пријателството и во иднина. Се радувам на посетата на македонскиот народ на Чигасаки. Граѓаните на Чигасаки и јас лично ќе навиваме за македонските олимпијци. Напред Македонија“, порача градоначалникот на Чигасаки, Хикару Сато, во специјалното видеообраќање од „македонската олимписка соба“. Успешен настап на…

Read More

Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката за поголем број од натпревари да се одржат без публика, а 17 отсто се изјасниле против. Анкетата е спроведена на 17 и 18 јули преку мобилни и фиксни телефони, при што се испитани 1.444 возрасни граѓани. Резултатите од анкетата на агенцијата Кјодо, објавени вчера, покажуваат дека 87 проценти од испитаници стравуваат дека ОИ можат да доведат до поголемо ширење на новите соеви на…

Read More

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за работни односи во прво читање со кои се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци во дејности каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес. – Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата меѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и мотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и…

Read More

Македонија од денеска почнува со имунизација против ковид-19 на деца на возраст од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Според последните податоци од Министерството за здравство (МЗ), досега се пријавени околу 1.800 деца, а паралелно со нив ќе продолжи и вакцинација и на возрасното население. Здравствените власти апелираат дека единствен начин за превенција од нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. Од МЗ вчера информирaа дека кај нас се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не бил вакциниран. Според последната статистика што вчера ја…

Read More

Сите 17 патници во авионот „Антонов-28“ кој имаше тешко слетување во близина на Томск се живи, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, пренесува агенцијата ТАСС. Министерството претходно соопшти дека патничкиот авион имал тешко слетување во областа на Томск и дека на локацијата на кој слетал се пронајдени преживеани лица. – Локацијата на тешкото приземјување на авионот е откриена во 14:36 часот по локално време. Во близина на авионот се забележани преживеани лица“, соопшти прес-службата на Министерството. Сибирската регионална единица за потрага и спасување, исто така, потврди за ТАСС дека спасувачките тимови го пронашле исчезнатиот авион. – Авионот кој претходно се…

Read More

Европската дипломатска служба потврди дека в понеделник ќе се одржи нова рунда на преговори меѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализирање на односите и изнаоѓање трајно решение за косовското прашање, јави дописничката на МИА од Брисел. Српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти ќе допатуваат во Брисел за оваа нова рунда под медијаторство на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

Read More