Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јапонско „напред Македонија“: Срдечен дочек за македонските олимпијци во Токио

0
By Sashko on July 19, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 08:03

Јапонците им посакаа топло добредојде на македонските олимпијци и успешен настап на Игрите што официјално ќе бидат отворени во Токио на 23 јули. Првата група на македонски олимпијци пристигна во земјата на изгрејсонцето и ќе биде сместена во Чигасаки, град со околу 250.000 жители оддалечен 50 километри јужно од престолнината Токио.

– Се надевам дека ќе го продолжиме пријателството и во иднина. Се радувам на посетата на македонскиот народ на Чигасаки. Граѓаните на Чигасаки и јас лично ќе навиваме за македонските олимпијци. Напред Македонија“, порача градоначалникот на Чигасаки, Хикару Сато, во специјалното видеообраќање од „македонската олимписка соба“.

Успешен настап на олимпијците под македонското знаме им посакаа и заменикот градоначалник на Чигасаки, Коџи Киши, како и претседателот на локалниот Организациски комитет Хироши Ишида.

Македонската олимписка експедиција за Игрите во Токио брои осум спортисти кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини. Настап под македонското знаме на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска – Еминова и Филип Деркоски, таеквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јованоска, џудистката Арбреша Реџепи, стрелачот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.

Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски. Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и Бранковски на 24 јули, а ден подоцна на олимиската арена ќе настапи Реџепи.

дочек Македонија Олимпијада спорт Спортисти Токио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.