Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Пишува: Борјан Јовановски Потребна ни е сериозна јавна дебата под услов за неа да се зборува принципиелно а поплаките за третманот да не се однесуваат на овој или оној туку на било кого, кој е жртва на таквите состојби во затворите. – Никој вистински не познава еден народ додека не се најде во неговите затвори. Еден народ не треба да се суди според тоа како се однесува кон највисоките слоеви на општеството, туку кон оние кои се најниско“. Ова се зборови на Нелсон Мендела кој мина 28 години во занданите на Апартхејдот, излегувајќи од таму не со желба да им…
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја утврди можната поврзаност меѓу ретките срцеви заболувања и мРНА вакцината против ковида-19 на „Фајзер“/„Бајонтек“ и на „Модерна“, додека за луѓето со ретки крвни нарушувања препорача да не се вакцинираат со вакцината на „Џонсон&Џонсон“. Срцевите проблеми миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка) мора да бидат наведени како можни несакани ефекти на двете мРНА вакцини, соопшти денеска Одборот за безбедност на Европската агенција за лекови. Таквите случаи се појавиле во рок од 14 дена по вакцинирањето, почесто по втората доза и кај млади возрасни мажи, наведува ЕМА. Ова се совпаѓа со наодите на…
Северна Кореја ги одби планираните пратки на вакцини против ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“, што беа организирани како дел од глобалниот Ковакс механизам, поради загриженоста за несакани ефекти, соопшти денеска јужнокорејска невладина организација. Од Ковакс програмата соопштија дека на Северна Кореја ќе ѝ обезбедат речиси два милиона дози вакцини од „АстраЗенека“, пренесоа британските медиуми. Првата пратка со вакцини се очекуваше уште кон крајот на мај, но беше одложена поради долгите консултации, соопшти Јужна Кореја минатиот месец. Според извештајот на Институтот за стратегија на националната безбедност (ИНСС), што е поврзан со јужнокорејската разузнавачка агенција, Пјонгјанг сега разгледува и други опции поврзани со…
„Фајзер“ и „Бајонтек“ во наредните недели имаат намера да побараат овластување за трета доза од нивната вакцина против ковид-19, се наведува во соопштението на двете компании. Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните. Според прелиминарните податоци од тестови, нова доза што би била аплицирана по шест месеци од втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот и до 10 пати. „Фајзер“ и „Бајонтек“ ќе испратат извештај со детални информации до Европската агенција за лекови (ЕМА) и американската Администрација за храна и лекови.
Програмата на јубилејниот 20. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS) денеска ќе биде објавена на прес-конференција. Годинашново издание на Фестивалот ќе се одржи од 15 до 21 јули. На прес-конференцијата ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, координаторот на Фестивалот Маргарита Арсова и Филип Николовски, програмски директор на Младинскиот културен центар (МКЦ).
Пандемијата ја покажа суровата реалност дека не сме изградиле одржлива дестинација, дека сме оделе на квантитет наместо на квалитет, дека на краток рок не можеме да понудиме форми на туризам кои ги бараат новите целни групи на туристи. Тоа е предизвик не само за секторот, туку и за сите релевантни институции. Не треба да си ја префрламе топката едни на други, ниту меѓусебно да се обвинуваме, туку да понудиме нешто и заеднички да градиме здрав туристички сектор, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Во интервју за МИА, Јаневски оценува дека годинава ја дочекавме…
На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез во Македонија, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. Здравствените експерти во моментот чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види односот на делта сојот кај луѓе кои се или не се вакцинирани. Министерот за здравство Филипче смета дека треба да се препорачаат мерки кои ќе бидат ефикасни, но во моментот оцени дека ситуацијата е мирна и нема голем број…
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје претпладне сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени. Во деновите…
Министерот за економија на С. Македонија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина ќе потпишат Договорот за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас, јави дописничката на МИА од Атина. На вчерашниот редовен брифинг со новинарите, портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, рече дека Грција секогаш ја поддржува интеграцијатс на соседите од Западниот Балканот во Европската Унија, под поставените услови и „секогаш поддржува економски развој и регионална стабилност и преку билатерални договори“. Во рамките на „25-та тркалезна маса со грчката Влада“ што оваа година е на тема „Од социјално дистанцирање…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе информира за промена на енергенсот за загревање на касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово од мазут и нафта на природен гас, најави Министерството за одбрана (МО). Со промената на начинот на загревање, потенцираат од МО, се влијае на зачувувањето на животната средина имајќи предвид дека природниот гас е поеколошки енергенс, додека истовремено се намалуваат средствата потребни за загревање на објектите во касарната. Шекеринска ќе оствари средба со одговорните лица во Министерството и со претставници на компаниите кои се избрани на јавната набавка за реализација на промената на начинот на…
Атентаторите на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз биле „професионални“ платеници кои се претставиле како американски агенти и кои можеби веќе ја напуштиле земјата, изјави амбасадорот на Хаити во САД, Бокит Едмонд. Според него, напаѓачите на приватната резиденцијата на претседателот Моиз се претставиле како припадници на Американската агенција против дрога (ДЕА), но нивното однесување не одговарало на тоа тврдење. – Тоа бил добро организиран напад и станува збор за професионалци, рече амбасадорот пред новинарите и додаде дека има видео и оти мислат дека се платеници. Тој додаде дека првата дама Мартин Моиз, која беше повредена во нападот, ќе биде пренесена во…
Проектот за реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во „Св. Еразмо“ денеска ќе биде промовиран пред јавноста во просториите на болницата во Охрид. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, целта на настанот е да се презентираат резултатите од проектот кој што е поддржан преку грант-шемата за инвестициски проекти во областа на социјалното вклучување во Југозападниот плански регион. На настанот се најавени обраќања на министрите за локална самоуправа, Горан Милевски и за здравство, Венко Филипче, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Тејада, Рамиз Мерко, претседател на Советот за развој на СЗПР, Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид, Мирјана…