Програмата на јубилејниот 20. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS) денеска ќе биде објавена на прес-конференција. Годинашново издание на Фестивалот ќе се одржи од 15 до 21 јули.

На прес-конференцијата ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, координаторот на Фестивалот Маргарита Арсова и Филип Николовски, програмски директор на Младинскиот културен центар (МКЦ).