Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Виртуелна прослава на Амбасадата на САД во Скопје по повод 4 јули
За четири години, од април во 2017 година до април оваа година, просечната плата е зголемена за 5.766 денари, а за шест години, пак, од април 2011 до април 2017, платите пораснале за само 2.153 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил. – Достоинството на работниците е скапоцено и затоа ја покачивме минималната плата на 15.284 денари, која до пред четири години беше 9.000 денари. Растот на минималната плата направи притисок за покачување на сите плати. Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори, напиша Заев. Премиерот Заев наведе дека во април 2021…
Европската Унија (ЕУ) има свои вредности, но за жал не ги почитува во некои конкретни области, а една од тие области која директно ги засега Северна Македонија и регионот е политиката на проширување, која воопшто не функционира, смета поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере. – Тоа е неуспех на Европската Унија целосно да ги разбере негативните последици од последните ќорсокаци и бугарското вето, не само врз шансите за процесот на пристапување кон ЕУ, туку и врз граѓаните кои ја гледаа перспективата во европската иднина, оценува Фуере во интервју за 24 Вести. Тој смета дека Унијата во моментот се соочува со…
Бројот на загинати во денешната несреќа на филипинскиот воен авион „Ц-130“ достигна 45, вклучително и цивили кои настрадале за време на слетувањето на авионот на земја, соопшти Министерството за одбрана на Филипини. Претходно беше соопштено дека во несреќата загинале 31 војник, а тамошните воени власти јавија дека 50 лица се спасени. Авионот со 85 патници, тројца пилоти и седум члена на екипажот, денеска се урна при обид да слета на островот Џоло, во провинцијата Сулу, соопшти армијата. Властите соопштија дека пилотите преживеале, но биле повредени, а дека за време на слетувањето на авионот на земјата биле повредени уште четворица локални жители.…
Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи на денешната Ф1 трка за ГН на Австрија и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 бодави. Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и беше на чело на трката од почетокот до крај, освојувајќи, притоа, и дополнителен бод за најбрзо извозен круг. За Верстапен ова е трета последователна победа, вкупно петта сезонава, а 15 во кариерата. Второто место го освои возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет низ целта мина Ландо Норис од Мекларен. Актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) го освои четвртото место. Наредната трка во рамки на Светското првенство во Формула…
Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој на 27 јуни беше тестиран за ковид-19 и притоа утврдено дека е позитивен на вирусот, утрово е примен во болница, пренесува „Гардијан“. Како што се наведува, направени му се дополнителни тестови и анализи, а ќе остане под медицински надзор 24 часа, поради претпазливост. Откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирусот, беше соопштено дека има благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација десет дена. Бетел (48) сам се тестирал, по што позитивниот тест е потврден и со ПЦР тест.
Папата Франциск денеска е примен во болница во Рим на „закажана операција“ на дебелото црево, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Бруни појасни дека 84-годишниот Франциск страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Не е познато точно кога ќе се изврши операцијата, за што Бруни рече дека Ватикан ќе објави ново соопштение.
Поранешниот претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск денеска најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Европската народна партија (ЕПП), еден ден по најавата за враќање во полската политичка сцена. Туск, кој во саботата се врати на позицијата лидер на либералната партија Граѓанска платформа (ПО), чиј ко-основач е, е претседател на Европската народна партија од 2019 година. Актуелниот претседател на ЕПП рече дека „разговорите за неговиот наследник ќе започнат на есен“. – Се разбира дека формално можам да бидам шеф на партијата Граѓанска платформа и на Европската народна партија, која обединува многу европски партии, рече Туск. Сепак, тој додаде…
Прва доза на вакцина против ковид-19 во Врање досега примиле 10.390 македонски граѓани, а ревакцинирани се 4.179 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини до 2 јули изнесува 68.548. Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Македонија е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на БиХ е пет граѓани. Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Македонија кои се вакцинирале…
Министерството за надворешни работи соопшти дека испатило реакција до УЕФА на чиј офиицјален сајт на кој се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се Северномакедонци. – МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, велат од Министерството…
Преспа Форумот кој се одржа неделава во Охрид мина во знакот на две работи. Едната лоша и другата добра и охрабрувачка. Лошата вест е дека Европската Унија (ЕУ) губи тло под нозете, а добрата е онаа дека САД се враќаат на голема врата како клучен фактор на меѓународната политичка сцена кој бескомпромисно има намера да го интегрира Балканот во Европа. ЕУ е зашеметена, поделена, во криза со сериозно нарушен кредибилитет што ѝ се заканува да ја минимизира нејзината улога како фактор на меѓународната политичка сцена. Без колебање, на моменти и без пардон, учесниците на Форумот ја критикуваа ЕУ по неуспехот…
Амбасададата на САД во Република Северна Македонија денеска организира прослава по повод државниот празник 4 јули – Денот на независноста. Ова е второ виртуелно одбележување на 245-от роденден на американсата нација од прогласувањето на независноста. Прославата ќе биде пренесувана директно на фејсбук страницата на Амбасадата и на ТВ Канал со почетокот во 20:40 часот. Оние кои се во Скопје ќе можат да го видат и традиционалниот огномет по повод 4 јули, на Калето во 21 часот. Помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, на завршната прес-конференција од првото издание на „Преспа Форум Дијалог“ во Охрид порача…