Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуере: Срамно е што ЕУ не ја спречи Бугарија во киднапирање на политиката за проширување

0
By Sashko on July 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 4, 2021 19:28

Европската Унија (ЕУ) има свои вредности, но за жал не ги почитува во некои конкретни области, а една од тие области која директно ги засега Северна Македонија и регионот е политиката на проширување, која воопшто не функционира, смета поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере.

– Тоа е неуспех на Европската Унија целосно да ги разбере негативните последици од последните ќорсокаци и бугарското вето, не само врз шансите за процесот на пристапување кон ЕУ, туку и врз граѓаните кои ја гледаа перспективата во европската иднина, оценува Фуере во интервју за 24 Вести.

Тој смета дека Унијата во моментот се соочува со многу серозни крстопати, па затоа треба да биде внимателна, бидејќи може негативно да влијае врз чувствата на граѓаните од регионот. Осврнувајќи се на бугарското вето, Фуере нагласува дека обидите на Бугарија да ги внесе историјата и идентитетот во процесот на проширување на ЕУ, претставуваат дополнителен удар врз политиката на Унијата за проширување и ја поткопуваат нејзината позиција не само во регионот, туку и во светот.

– Со тоа ЕУ не ги почитува своите ветувања, не ги почитува своите заложби кон регионот. Ако потфрли во своето непосредно соседство, тогаш повеќе нема смисла за ЕУ. Така што Европската Унија мора итно да го промени однесувањето, вели Фуере, додавајќи дека Брисел не презема доволно мерки против оние нејзини членки кои ги поткопуваат европските вредности.

Според него, ветото на Бугарија за евроинтеграцискиот процес на земјава е срамен чин на бугарската Влада, но тоа е и срамен чин за ЕУ затоа што не успеа да спречи една своја земја членка „да ја киднапира политиката на проширување“ и да ја промовира својата националистичка агенда на начин кој е во спротивност со сите вредности на ЕУ.

– Се воодушевувам на истрајноста на македонската Влада и особено на граѓаните на кои им беа дадени многу ветувања за прифаќање на Преспанскиот договор, со перспектива дека тоа ќе ја отвори вратата за членство во ЕУ и преговори за членство, а на секој чекор бевте напуштани од ЕУ. Неуспех е на ЕУ што не го одржа ветувањето на многу флагрантен начин и мислам дека тоа покажа недостиг на разбирања во ЕУ од опасностите што и се закануваат ако продолжи со ваквата полктика, вели Фуере, додавајќи дека јазикот и политиката што ја користи Бугарија се империјалистички и претставуваат рецидив од 19-от век.

Бугарија Ерван Фуере ЕУ киднапирање Македонија Политика на проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.