Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи на денешната Ф1 трка за ГН на Австрија и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 бодави. Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и беше на чело на трката од почетокот до крај, освојувајќи, притоа, и дополнителен бод за најбрзо извозен круг. За Верстапен ова е трета последователна победа, вкупно петта сезонава, а 15 во кариерата.

Второто место го освои возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет низ целта мина Ландо Норис од Мекларен.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) го освои четвртото место.

Наредната трка во рамки на Светското првенство во Формула 1 е на програмата на 18 јули за ГН на Велика Британија, на патеката во Силверстон.