Author: Sashko

Помошник државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека мора да стартуваат преговорите на Северна Македонија со Европската унија затоа што земјава и географски и политички е дел од Европа. – Пред една година, ЕУ потврди дека Северна Македонија и Албанија треба да почнат преговори за членство. Тоа сè уште е нивен став, но очигледно има препрека за што ние сме многу разочарани и таа мора да биде надмината. Имам целосна доверба дека ќе биде, бидејќи Северна Македонија е европска земја, рече Рикер. Оцени дека земјава е на вистинската патека и…

Read More

Верувам во судиите на Уставен суд, верувам дека и тие нови тројца судии кои треба да бидат избрани ќе бидат професионалци, чесни судии и судии со интегритет. Можам да тврдам дека и тука нема да дозволам никој да ми каже како јас да работам и во никој случај да ми каже некој како да гласам. За мене е навреда да ми се јави политичар и да ми каже како да одлучам, вели претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска. Во гостување на ТВ 24 таа посочи дека постои напредок во работата на судството и оти гледа позитивни промени во Судскиот совет,…

Read More

Силно невреме го зафати Вашингтон, поради што многу домови останаа без електрична енергија. Невремето започна во близина на Фолс Черч и Арлингтон, мина низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд. https://www.youtube.com/watch?v=LUGoF576AEE Американската национална метеоролошка служба соопшти дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога излегуваат од дома. Повеќе од 30.000 домови во Мериленд и Вирџинија останаа без струја, додека во Вашингтон 10.000 домаќинства се без електрична енергија, објави „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Read More

Говорот на омраза мора да исчезне во нашите билатерални односи во Република Северна Македонија, изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев во рамки на виртуелната дискусија за приоритетите на словенечкото претседателство, организирана од ПанЕвропа Бугарија во партнерство со фондацијата „Конрад Аденауер“, Дипломатскиот институт и Европската комисија во Бугарија. Стоев потсети на изјавата на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека „не можеме да сакаме да бидеме во едно семејство и да продолжиме да го користиме тој вулгарен јазик во јавноста, и од политичките сили“. – И најлошото нешто е што тие се во младинското движење, истакна тој, пренесува…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и со Метју Палмер, заменик на помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот. Како што информира Министерството за надворешни работи (МНР), на средбата се дискутирало за унапредување на односите со САД, регионалната соработка, остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, интеграцијата во ЕУ.  – САД за нас се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме…

Read More

Словенечкиот премиер Јанез Јанша за Бугарското национално радио (БНР) изјавил дека ја сфаќа позицијата на Бугарија околу нејзиното вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи таа е земја членка на Унијата, но дека мора да се најде компромис, јави дописникот на МИА од Софија. – Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на останатите. Мора да се однесуваме како семејство, но мора да се обидеме и да најдеме компромис, истакнал Јанша за БНР. Предлог на португалското претседателство за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите со земјава, Јанша го оценил како…

Read More

Од исклучителна важност за Западен Балкан е најавата на претседателот Џо Бајден за враќање на силното присуство на САД на светската сцена, истакна премиерот Зоран Заев на Преспа Форум дијалогот, додавајќи дека дипломатскиот ангажман на САД се заснова на најскапоцените демократски вредности на оваа земја, а воедно е и наш стратешки партнер. – Ова е добра прилика да ја изразам и нашата благодарност за постојаната, отворена и искрена поддршка на Америка за нашите аспирации колку што може поскоро да ги започнеме преговорите за членство со Европската Унија. Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет,…

Read More

Помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер забележа дека храбрата дипломатија која Северна Македонија ја остваруваше со Преспанскиот договор, во комбинација со заложбата за добрососедските односи, помогнала да се обликува траекторијата на Западно-балканскиот регион кон ЕУ и НАТО, кој е важен за вас и за нас. Администрацијата на Бајден, посочи тој, е фокусирана целиот регион да се ревитализира и да се подигне нивото на транзиција во трансатланската врска. – Визијата на САД за Западен Балкан е постојана низ неколку децении. Идејата е да се постигне регион со мирни односи внатре и со своите соседи и целосно интегриран во евроатланската мрежа.…

Read More

Ние не отстапуваме од намерата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија (ЕУ) што останува наш врвен приоритет. Но, едно нешто е јасно, а верувам и за Брисел, а тоа е дека на преговарачка маса нема место за билатерални проблеми. За некои прашања не може да се преговара, порача премиерот Зоран Заев за време на заедничката прес-конференција со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД, во рамки на Преспа Форумот.  За ова, потенцира Заев, се сложивме и со Рикер на средбата во Охрид. – Нема да отстапиме од изнаоѓање на заеднички прифатливо решение со Бугарија што ќе…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара носење на Резолуција во македонското Собрание за преговорите со Бугарија, СДСМ, пак, одговори оти нема потреба од такво нешто. Според замисли на опозицијата, документот би бил обврзувачки за движење на владата во негови рамки при изнаоѓање на решение во спорот со источниот сосед и деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава. Мотивите за таквиот потег, според лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се отсуството на црвени линии на власта во преговорите со Бугарија и тргување со јазикот и идентитетот. – Во самата резолуција се содржани дефинициите и јавно, повторувам и јавно декларираните ставови на МАНУ, најстариот универзитет УКИМ и…

Read More

Карго авион со екипаж од два члена се урна во океан во близина на Хаваи. Според неофицијални информации, екипажот пријавил проблеми со моторот, додека „Спутник“ јавува за пад на „Боинг 737“, повикувајќи се на „Си-Ен-Би-Си“. На лице место, како што пишуваат локалните медиуми, се наоѓаат бројни спасувачки екипи. Несреќата се случила околу 14:45 часот по локално време на пет километри од аеродромот во Калалео. Пилотот наводно побарал да се врати на писта, но не успеа во намерата, па слетал во вода. Американската крајбрежна стража испрати на помош брод, хеликоптер и авион од типот Ц-130.

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел. – Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината. Граѓаните заслужуваат да ја слушнат, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител. Според него, исполнувањето на нашата домашна задача е клучно за да ги почнеме преговорите со ЕУ, а не прашањето со Бугарија. – Најпрво треба да си ја исполниме домашната задача. Ако ние сме посакуваниот партнер, ова што се егзибиции кај нашиот источен сосед, набрзина ќе бидат маргинализирани, потенцира Мицкоски. За време на…

Read More