Силно невреме го зафати Вашингтон, поради што многу домови останаа без електрична енергија. Невремето започна во близина на Фолс Черч и Арлингтон, мина низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд.

https://www.youtube.com/watch?v=LUGoF576AEE

Американската национална метеоролошка служба соопшти дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога излегуваат од дома.

Повеќе од 30.000 домови во Мериленд и Вирџинија останаа без струја, додека во Вашингтон 10.000 домаќинства се без електрична енергија, објави „Ју-Ес-Еј тудеј“.