Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски повторно го кани Заев на ТВ дуел: Ајде да ја кажеме вистината

0
By Sashko on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 22:37

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

– Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината. Граѓаните заслужуваат да ја слушнат, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител.

Според него, исполнувањето на нашата домашна задача е клучно за да ги почнеме преговорите со ЕУ, а не прашањето со Бугарија.

– Најпрво треба да си ја исполниме домашната задача. Ако ние сме посакуваниот партнер, ова што се егзибиции кај нашиот источен сосед, набрзина ќе бидат маргинализирани, потенцира Мицкоски.

За време на престојот во Брисел, Мицкоски рече дека побарал ЕУ да го исполни ветеното. Португалскиот предлог е одбиен, не постои, оцени Мицкоски, потенцирајќи дека тоа е реалноста. Заврши отстапката од македонската есенција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба да го добиеме тоа што ни е ветено.

Во однос на словенечкото претседателство, Мицкоски е убеден дека Јанез Јанша ќе стори максимум за земјава да ги почне преговорите. Словенечки предлог не знае дали ќе има, но треба да има, напомена, македонска понуда.

– Со Јанша ќе работиме на тоа процесот да се заврши и целосно ќе се ставам на располагање до локалните избори по кои многу работи на политичката сцена ќе се сменат. Убеден сум дека Јанша ќе даде се од себе земјава да ги почне преговорите, но ние мора да ја завршиме домашната задача. Имаме проблем со домашната задача. Се останато се решава. Словенечки предлог не знам дали ќе има, но треба да има македонска понуда, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со престојот во Брисел и разговорите што ги водел таму, Мицкоски рече дека не треба да ја изгубиме надежта дека земјава ќе биде дел од ЕУ.  Ни беше ветено, повтори, а овој народ даде голема жртва.

– Имав можност од прва рака да слушнам од соговорниците во која фаза се наоѓаме. Тоа што можеме како држава да очекуваме е дека не треба да ја изгубиме надежта дека Македонија ќе биде дел од ЕУ и мора силно да работиме тоа да се случи, но за жал, цели три години откако е оваа Влада, имаме само егзибиционизам на домашен и меѓународен план. Се што не убедуваше, не се случи, тоа што требаше да е решение, за нас денес е пречка. Не би рекол дека тоа е само евентуалниот договор со нашиот источен сосед, туку и домашната задача која ние не сме ја завршиле: борбата со корупцијата и криминалот, неиспорачувањето на тоа што е земено како обвска – реформи во економијата, судството, обвинителството. Имаме многу работи да завршиме дома за да продолжиме. Според мене, оваа Влада нема капацитет и не знае како тоа да го заврши, тоа е суштинскиот проблем. Кога тој проблем би го немале, тогаш, убеден сум, многу брзо ќе го добиеме датумот за преговори, рече Мицкоски.

На прашањето дали ќе замине на одмор, Мицкоски одговори дека можеби ќе користи само по некој викенд и дека ќе биде фокусиран на средби во селата и градовите низ државава.

– Со пандемијата доста се одморивме. Ова е период кога треба да работиме. Може да искористам викенд на планини или езера во земјава, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев Македонија покана ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.