Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска: За мене е навреда да ми се јави политичар и да ми каже како да одлучам

0
By Sashko on July 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 2, 2021 20:12

Верувам во судиите на Уставен суд, верувам дека и тие нови тројца судии кои треба да бидат избрани ќе бидат професионалци, чесни судии и судии со интегритет. Можам да тврдам дека и тука нема да дозволам никој да ми каже како јас да работам и во никој случај да ми каже некој како да гласам. За мене е навреда да ми се јави политичар и да ми каже како да одлучам, вели претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.

Во гостување на ТВ 24 таа посочи дека постои напредок во работата на судството и оти гледа позитивни промени во Судскиот совет, а очекува тоа да се развива се повеќе. Очекува да се избираат само квалитетни судии.

– За мене е навреда да ми се јави политичар и да ми каже како да одлучам. Тоа значи дека не ме почитува како личност и не верува во моите квалитети како судија. Пред мене се доказите, пред мене е предметот, пред мене се странките во судницата. Јас сум таа што го знам предметот. Ние мора многу совесно да работиме, ако одлучуваме за согласност за законите на уставот, ги штитиме човековите права и слободи, одлучуваме дури и за одговорност на претседателот на државата, појасни таа.

Во однос на прашањето како се донесуваат одлуките со оглед дека Собранието доцни со изборот на тројца нови судии и во моментов се само шест судии, претседателката на Уставниот суд посочи дека доколку секоја одлука што ќе ја донесат е со потребното мнозинство, тогаш има легитимитет.

– Секоја одлука што ние ќе ја донесеме ако го има потребното мнозинство, има легитимитет, затоа што одлуките можеме и со пет гласа да ги донесеме и многу често тоа се случува. Многу одлуки се донесени со пет гласа, легитимет имаат, и никој не може да оспори таква одлука, но проблемот е во нешто друго, друго е кога девет судии дискутираме за еден предмет, рече Кацарска.

Според неа, одлуката има поголема тежина кога мислење искажуваат девет судии, наместо шест. Освен тоа, како што дополни, може токму еден од тие тројца нови судии со своето размислување и ставови останатите судии да ги убеди дека неговото размислување е подобро, и можеби и одлуката би била поинаква.

Добрила Кацарска Македонија судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.