Author: Sashko

Единица на артилерискиот баталјон на Армијата вечерва во 19 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Два часа претходно, во периодот од 17 до 18 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија. Како што информираат од Генералштабот на Армијата, почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници, а во склоп е на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата.

Read More

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја, се повлекува од функцијата в.д. директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. „Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и…

Read More

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година. Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект. „Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски e позитивен на ковид-19, што е причина за откажување на денешната посета на Општина Маврово- Ростуше.  „Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во Општина Маврово – Ростуше закажани за денеска во 17:45 часот се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест и истиот беше позитивен“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Read More

Републичкиот јавен обвинител денеска поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. Со него, како што дознава Нова ТВ, се опфатени шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на криминал и корупција, Вилма Русковска, Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева. Неофицијално, крупната професионална грешка што им се става на товар, а со која сториле тешка дисциплинска повреда, се однесува на претресот во Управата на финансиската полиција. „Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство,…

Read More

Основното јавно обвинителство Охрид денеска оформи предмет по допрен глас за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрација на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај оваа година, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“. Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола,…

Read More

„Русија не престанува со своите уцени во и околу нуклеарната централа Запорожје и продолжува со провокативното гранатирање на нејзината територија. Руската војска крие муниција и опрема токму во објектите на станицата која де факто е минирана“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање на Фејсбук. Тој истакнува дека сето ова јасно покажува дека Русија ги отфрла безбедносните барања на земјите од Европската унија и 15 други земји или вкупно 42 кои ја повикаа Русија да ги повлече своите сили од станицата. Конкретно, тоа се Турција, Грузија, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Канада и САД. Во продолжение интегрално…

Read More

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто. За домаќинствата и за компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат или во спротивно ќе следуваат санкции. Како што соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември оваа година и ќе важат до 31 март во 2023 година. „Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план. И не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што нè очекува, за непречено…

Read More

Уште шест обвинети лица добија условни казни за инцидентите пред Собранието на 5 јули, за време на протестите против францускиот предлог, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2  в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ. „Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење…

Read More

Две починати лица, 590 нови случаи од кои 142 се реинфекции и 583 оздравени пациенти е билансот на ковид-19 за последните 24 часа, согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира Министерството за здравство (МЗ). Најголем број од новите случи (261) се регистрирани во Скопје. По главниот град следуваат Битола со 34, Кавадарци со 31, Охрид со 27, Тетово со 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп со 19, Делчево со 17, Штип со 16, Гевгелија со 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани со 10, Гостивар и Неготино – по девет, Радовиш и Виница – по…

Read More

Воено складиште во градот Џанкоја на Крим е оштетено претпладнево во серија експлозии кои се резултат на саботажа, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението, што е пренесено од агенцијата ТАСС, е наведено дека во експлозиите се оштетени и бројни цивилни објекти, вклучувајќи далекуводи, електрана, железничка пруга и повеќе станбени згради. „Никој не е потешко повреден. Се преземат сите неопходни мерки за отстранување на последиците“, додаваат од Министерството за одбрана на Русија, пренесува ТАСС. Во денешните експлозии на складиште со муниција на Крим, полесно се повредени две лица, а дојде до нарушување и на железничкиот сообраќај, соопшти највисокиот руски претставник…

Read More

Македонската кадетска ракометна репрезентација ќе биде наградена со 700.000 денари за освоениот ЕХФ шампионат во Летонија викендот, најави претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешната средба со националниот тим по враќање од Балтикот. Најавата ќе биде реализирана, откако ќе мине на седница Управниот одбор на РФМ, како потврда за ценење на успесите на националните селекции во сите возрасни категории кои добиваат идеални услови за тренинзи и подготовки. Со освојување на турнирот во Летонија, македонските кадети обезбедија пласман на Светското првенство во 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.

Read More