Author: Sashko

Здравствените власти сметаат дека во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет на ковид-19 до крајот на летниот период. Дотогаш, како што изјави ресорниот министер Венко Филипче, би можеле да бидат вакцинирани околу 600.000 граѓани, што е 50 проценти од планираната популација за вацинација. Податоците што ги објави вчера Министерството за здравство за претходните 24 часа покажуваат дека продолжува трендот на мал број на заразени со коронавирусот. Од направените 2.952 тестирања, вчера беа регистрирани 13 нови случаи на ковид-19, немаше починати лица, а регистрирани беа и 31…

Read More

Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот предизвик, како што посочуваат, е утврдување на начинот на избор на градоначалници, односно дали тие ќе се избираат во прв или во втор круг. Сепак, според информации од политичките партии, за негово менување веројатно ќе се разговара во иднина. – Пред повеќе месеци, Министерството за правда формира…

Read More

Клучен проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус, смета македонскиот претседател Стево Пендаровски. Без измени на тоа, вели тој, Унијата не може да биде клучен геополитички играч, а тоа доведува до пораст на евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што, според него, е поразително. Во врска со односите со соседна Бугарија и блокадата од Софија во контекст на македонските евроинтеграции, тој го реафирмира ставот дека ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, тогаш не ни e потребна ЕУ. – Јасно е кажано од Софија дека во…

Read More

Бугарија уште еднаш стави блокада на усвојувањето на преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за пристапување на С. Македонија во Европската Унија (ЕУ) за време седницата на Советот за општи работи на ЕУ што се одржа вчера во Луксембург. За Скопје, сепак, има уште една теоретска можност за старт на преговорите во јуни, а тоа е Самитот на лидерите на ЕУ што е закажан за утре и задутре. Португалската државна секретарка, Ана Паула Закариаш, која претседаваше со министерскиот состанок, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со С. Македонија врз основа на овој предлог. – Португалското претседателство…

Read More

Американските власти соопштија дека заплениле 36 домени на веб-страници за вести поврзани со иранската влада кои ширеле дезинформации како дел од пропагандна кампања. Според американското Министерство за правда, акцијата била насочена кон 33 веб-страници што ги користи иранската Радио и Телевизиска унија и други три управувани од милицијата Катаиб Хезболах, поддржана од Иран. Акцијата се одвива во време на зголемени тензии меѓу двете земји, а новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси во понеделникот исклучи преговори или средба со претседателот Бајден, додека двете нации разговараат за враќање на Техеран на нуклеарниот договор во 2015 година. Министерството соопшти дека домените се во сопственост…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе го отворат Почесниот конзулат на Унгарија во Штип со јурисдикциско подрачје за целиот Источен регион во земјава. Тие ќе бидат пречекани од новиот почесен конзул во Штип, Даниела Арсовска. По завршување на церемонијата, министрите ќе присуствуваат и на Македонско-унгарскиот бизнис форум на кој на иста маса ќе седнат компании од двете земји, со цел продлабочување на меѓусебната економска соработка.

Read More

ЕУ треба да се придвижи „што е можно побрзо“ од пристапот на чекање и гледање кон стратегија за решавање на проблеми во справувањето со проширувањето и Западен Балкан, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар за ЕУРАКТИВ во интервју за приоритетите за неговата земја за претстојното претседателство со Советот на ЕУ. – Во последниве години, стратегијата на ЕУ кон Западен Балкан беше пристап на чекање и гледање, при што блокот не беше премногу активен во регионот наспроти ќорсокакот на реформите, рече Логар. Toj призна дека проширувањето, во изминатата деценија, „падна од агендата на ЕУ“. – Знаеме дека она што се случи…

Read More

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот за време на денешниот Советот за општи работи на Европската Унија (ЕУ) твитна дека ЕУ треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија без одложување. – Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакуум таму. Благодарам, твитна Рот. Претходно, пред одржувањето на министерскиот Совет, Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на…

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, рече дека самото учество на ЕП 2020 е успех за македонскиот фудбал. – Секоја работа околу организацијата, ФФМ ја оствари уште во декември или почетокот на годината, така што се знаеше кој, каде и што ќе работи и што ќе биде. Околу резултатите дали сме задоволни или не, ние со самото учество веќе задоволувавме се. Самото учество за нас беше предизвик. Им посакувам многу среќа на нашите фудбалери, го дадоа својот максимум. Дали искуството, дали нешто друго, резултатите беа тие што веќе ги знаете, изјави Сејдини по враќањето на репрезентацијата во…

Read More

Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 градови, што ја направи американската консултантска компанија „Мерсер“. Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места. Најскап град за живеење во светот, според годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од „Мерсер“, е главниот град на Туркменистан, Ашкабад, а по него следат Хонг Конг, Бејрут, Токио и Цирих. Годишниот извештај на „Мерсер“ рангира 209 градови во светот врз основа на трошоците за живот што вклучуваат трошоци за домување,…

Read More

Во текот на утрешниот ден, поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, ќе има посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје. Од Министерството за внатрешни работи испаќаат апел до учесниците во сообраќајот да ги  почитуваат наредбите од страна на полициските службеници.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација попладнево се врати во земјава по трите настапи на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ претрпеа три порази во групата Ц од кои два во Букурешт од Австрија (1:3) и од Украина (1:2), а синоќа загубија и од фаворизираната Холандија во Амстердам со 0:4. Но, тоа не беше пречка за дочек на авионот со фудбалерите и стручниот штаб кој пред малку слета на Меѓународниот аеродром Скопје. Репрезентативците на скопскиот аеродром беа пречекани од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, како и од навивачи.

Read More