Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе го отворат Почесниот конзулат на Унгарија во Штип со јурисдикциско подрачје за целиот Источен регион во земјава. Тие ќе бидат пречекани од новиот почесен конзул во Штип, Даниела Арсовска.

По завршување на церемонијата, министрите ќе присуствуваат и на Македонско-унгарскиот бизнис форум на кој на иста маса ќе седнат компании од двете земји, со цел продлабочување на меѓусебната економска соработка.