Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со вакцинација против ковид-19 до колективен имунитет до крајот на летово

0
By Sashko on June 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 23, 2021 09:38

Здравствените власти сметаат дека во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет на ковид-19 до крајот на летниот период. Дотогаш, како што изјави ресорниот министер Венко Филипче, би можеле да бидат вакцинирани околу 600.000 граѓани, што е 50 проценти од планираната популација за вацинација.

Податоците што ги објави вчера Министерството за здравство за претходните 24 часа покажуваат дека продолжува трендот на мал број на заразени со коронавирусот. Од направените 2.952 тестирања, вчера беа регистрирани 13 нови случаи на ковид-19, немаше починати лица, а регистрирани беа и 31 оздравен пациент. Во државава во моментот се активни 225 случаи со ковид-19, а од почетокот на епидемијата со вирусот се заразиле 155.640 лица.

– Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Сè уште, како што вели, не се знае како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но искуствата од другите држави, вклучувајќи ја и Кина, покажуваат оти вакцините се многу важен фактор во борбата против пандемијата и дека спречуваат тешки форми на болеста.

Министерот за здравство посочи дека со оглед на тоа што до крајот на месецот ќе стасаат 500.000 дози на вакцини од кинескиот производител „Синовак“, како и поголеми дози вакцини на „Фајзер“, ќе може да се вакцинираат по 15.000 до 20.000 граѓани на ден. Вакцините од понеделник ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација, најави Филипче.

Во земјава досега се вакцинирани над 278.000 граѓани. Вкупно се аплицирани 482.058 дози на вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани. Како што соопшти Министерството за здравство, 50 проценти од населението над 70 години има примено барем една доза на вакцина, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Според МЗ, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 456.607 граѓани.

вакцинација Венко Филипче Ковид-19 Колективен имунитет Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.