Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека нема да потклекне пред притисокот на лидерите на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, чија листа ја предводеше на парламентарните избори, кои од него бараат да се повлече од премиерската функција. – Преземав обврски и одговорност и нема да потклекнам пред првиот предизвик, изјави Кривокапиќ за подгоричкиот дневен весник Дан, нагласувајќи дека на Црногорците им треба подобар животен стандард, правда и подобра иднина и дека не им требаат лидери кои се откажуваат. Владата на Црна Гора е во криза, откако во Парламентот беше усвоена Резолуцијата за Сребреница, а министерот за правда Владимир Лепосавиќ…
Како претставник на шведската влада, јас сум разочарана што Република Северна Македонија сè уште ги нема почнато преговорите со Европската Унија (ЕУ), зашто земјата ги има исполнето предусловите за почеток на преговорите уште лани во март. Така што ЕУ има свои обврски кон Македонија и треба да ги заврши. Ги поддржувам сите напори за решавање на ова прашање. Од друга страна Бугарија не треба да го блокира процесот на преговори на С. Македонија со ЕУ преку ова прашање, зашто тоа не може да е предуслов, изјави шведската министерка за надворешни работи Ан Линде денеска во Скопје, реафирмирајќи ја уште еднаш…
Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се вели дека е „сопственост предложена за отстранување од списокот на светско наследство“. Овој потег на светската агенција разгневи многумина во северозападниот англиски град. И Долината Катманду во Непал е предложена за вклучување во Листата на светско наследство во опасност, како и подрачјето околу Охридското Езеро од албанска и од македонската страна. Тоа значи дека постои опасност целосно да се отстранат од тој список. Препораките на УНЕСКО се објавени пред…
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека раководството на Европската Унија (ЕУ) и европските партнери се одговорни за одложувањето на процесот на интеграција на земјава и на Турција, кои со години имаат статус на кандидати. – За жал, европските приказни за обете земји не се успешни. Никој не е виновен, би сакал да барам вина од нас, но не можам да избегнам да зборувам за голата вистина. Нашите европски партнери и Брисел се одговорни за тоа, изјави Пендаровски за турската новинска агенција 2Анадолија“. Турција започна преговори за полноправно членство во ЕУ во 2005 година и досега не се направени…
Просечната нето-плата исплатена по вработен во април во 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти. – Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 проценти), додека зголемувањето на бруто платата е резултат пред се на зголемувањето…
Посетата на министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде на Скопје е извонредна шанса да ѝ врачам постхумно признание за Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001, по повод 30 години од независноста на Северна Македонија, напиша министерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил. – Ана Линд, во својство на министер за надворешни работи на Шведска и претседател на Советот на министри на ЕУ, одговорна за застапување на официјалната надворешно-политичка позиција на Европската унија, придонесе неизмерно за финализирање на преговорите и за потпишување на Договорот за стабилизација и…
Расправата по Ребалансот на Буџетот во Собранието ќе почне на 1 јули за кога е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Клучни сегменти на предложениот ребаланс што го усвои Владата и го испрати до Собранието се зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството. Со овој ребаланс, според предлагачот, приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и со поддршка и развој на микро, мали…
Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи и Ан Линде, шефица на шведската дипломатија, која денеска престојува во посета на Македонија.
Основното јавно обвинителство од Велес даде предлог десет лица да бидат казнети по 40 дневни глоби во износ по 20 евра во денарска противвредност, поради нарушување на полицискиот час воведена како мерка за спречување на ширењето на коонавирусот. -Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнен налог против 10 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле важечкиот полицискиот час, определен како мерка за спречување на ширењето на заразна болест, информираат од Јавното обвинителство. Оттаму додаваат дека јавните обвинители од…
Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветар. Од УХМР информираат дека во следните денови, под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни темератури за овој период од годината. Температурата во повеќе места ќе биде над 35 степени. Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе надмине 40 степени и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи…
Министрите за европски работи на Европската Унија (ЕУ) до предмалку дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и за Албанија и според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јавува дописничката на МИА од Брисел. Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Северна Македонија и бугарската блокада. Според присутните, најнастојчива била Германија, која покажала силна заложба за почетокот на преговорите со Северна Македонија. Бугарската страна меѓутоа и натаму одбивала да попушти, и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска прими две донации – едната од 2.313.000 милиони денари за медицинска опрема од Амбасадата на Народна Република Кина и една од 100.000 долари за борба против ковид-19 од Црвениот крст на Кина. Филипче најави дека до крајот на месецов ќе пристигне и големата количина на вакцини од „Синовак“. – Да споменам и за донација од Армијата од 100.000 дози на вакцини од Синофарм кои веќе се дистрибуирани согласно потребите и пријавувањето на нашите граѓани. Во периодот кој следи, на крајот на месецов стигнува и големата количина вакцини на Синовак и со тоа вкупната бројка…