Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: ЕУ и европските партнери се одговорни за одлагање на нашата интеграција

0
By Sashko on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 22, 2021 13:16

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека раководството на Европската Унија (ЕУ) и европските партнери се одговорни за одложувањето на процесот на интеграција на земјава и на Турција, кои со години имаат статус на кандидати.

– За жал, европските приказни за обете земји не се успешни. Никој не е виновен, би сакал да барам вина од нас, но не можам да избегнам да зборувам за голата вистина. Нашите европски партнери и Брисел се одговорни за тоа, изјави Пендаровски за турската новинска агенција 2Анадолија“.

Турција започна преговори за полноправно членство во ЕУ во 2005 година и досега не се направени поголеми чекори кон таа цел. Пендаровски додаде дека Северна Македонија чека во процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 16 години, поточно од 2005 година.

– Сè уште го чекаме почетокот. Чекаме почеток на преговори, а не за влез во ЕУ. Заедно со долгогодишните несогласувања што ги имаме со соседна Грција, друг проблем се блокадите што доаѓаат од нашиот источен сосед Бугарија, рече Пендаровски.

Тој додаде дека, спротивно на традицијата на интегративните процеси, некои историски теми постојано се ставаат на маса.

– Се обидуваме да ги надминеме блокадите на некој начин и да го започнеме процесот на преговори што е можно поскоро. Во овој контекст, можеме само да изразиме надеж. Наша единствена надеж е да го започнеме процесот што е можно побрзо и дека, по неговото завршување, можеме да станеме полноправна членка. Се разбира, Северна Македонија и Турција се дел од обединета Европа, не само во географска, цивилизациска, културна и економска смисла, туку и во секоја друга смисла, нагласи Пендаровски.

Пендаровски рече дека економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција е засилена во изминатите 10 до 12 години.

– Денес Турција е меѓу првите 10 инвеститори во земјата. Најновите статистички податоци покажуваат дека Турција е на шестото место на таа 10 листа на најголеми инвеститори во Северна Македонија. И обемот на трговија меѓу нашите земји е помеѓу петтото и седмото место на таа топ 10 листа, што значи дека Турција е еден од најважните инвеститори во земјата, нагласи македонскиот претседател.

Брисел ЕУ Интеграции Македонија ПРОЦЕС Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.